Еднократна помош за семејствата на загинатите карпошани кај скопската обиколница
Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец. Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош …
Continue Reading
(Фото) „Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата
Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација. Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona …
Continue Reading
Општина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот
Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје. На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат …
Continue Reading
1,5 милијарди евра за здравствена инфраструктура: Нови капацитети за поквалитетни услуги и подобри услови за лекарите
-
новинар
-
June 10, 2026
-
Македонија, Општини, Скопје
-
0 Comments
Три нови клинички болници во Штип, Кичево и Тетово, како и систем од клинички болници во Скопје ќе го подобрат македонското здравство, смета премиерот Христијан Мицкоски кој на денешниот брифинг со медиуми најави нови инвестиции во здравството како еден од клучните столбови на државата. Проектите чинат стотици милиони евра и ќе значат модернизирање на здравството, поквалитетни и побрзи услуги за …
Continue Reading
Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост
-
новинар
-
June 10, 2026
-
Македонија, Скопје
-
0 Comments
Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности, од достапната инфраструктура и мрежа за дистрибуција и од свеста за поголема промоцијата на домашната музичка продукција. Ова е генералниот заклучок на Панел дискусијата „Музичко издаваштво во Македонија – лет во место?“, посветена на актуелната состојба, предизвиците и можностите за …
Continue Reading
(Фото) Запуштен простор во Бутел прераснува во модерен мега парк – увид во градежните активности извршија градоначалниците на Скопје и Бутел
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на локација која со децении беше запуштена и претставуваше симбол на негрижа и неискористен потенцијал. Станува збор за капитален проект со кој некогашната депонија и запуштен простор ќе се …
Continue Reading
Министерство за транспорт реагира: Прес-конференција на СДСМ е уште една лага, постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури
„Денешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури“, реагира Министерството за транспорт на прес-конференцијата на СДСМ. Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани. Со оглед на тоа дека намената е …
Continue Reading
Судска медицина потврди: Во саламата што децата ја нашле кај игралиште во Расадник имало опасен отров
Институтот за судска медицина утврдил присуство на инсектицидот метомил, во јавноста познат како ланате, во парчиња салама пронајдени во населбата Расадник во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на детско игралиште. Информацијата денеска ја соопшти ЈП Лајка, од каде предупредуваат дека станува збор за високо токсична супстанца која претставува сериозна опасност и за животните и за луѓето. Според претпријатието, сомнителната …
Continue Reading
(Видео) Багателна распродажба во Аеродром, земјиште за 2.000 денари по квадрат, Николовски, Митевски, Ристовски, кој ја турка зделката, прашува Даниловски
Секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт, продажбата на државно земјиште на атрактивни локации по багателни цени стапува на сцена. Дали овој пат, каконшро говорат информациите доставени до нас, режисери на една ваква зделка се токму Александар Николовски и Борко Ристовски а изведбата е на Дејан Митевски, прашува Марко Даниловски, советник од редовите на СДСМ. Општина Аеродром, додава тој, продава градежно …
Continue Reading