Девет општини добија грантови за развој на социјални услуги за помош на стари и немоќни лица и лица со попреченост

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе …

Continue Reading

Во завршна фаза е изградбата на мостот што ги поврзува Марино и Јака во општина Илинден

Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, …

Continue Reading

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања

Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Како што известува Општината, овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, …

Continue Reading

И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение, извести Герасимовски

Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе …

Continue Reading

Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟤𝟤 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на …

Continue Reading

Дел од општината Чаир денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Од 08,30 часот до завршување на работните активности поради изведување на водоводен приклучок стара мрежа со нова мрежа Ф250мм на Ф 100мм на улица Џон Кенеди крстосница со улицата Браќа Реџепагич и дел од населбата Топанско поле.

Continue Reading

Без струја денеска делови од општините Илинден и Гази Баба

Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од населба Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц, општина Илинден и – Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците што се напојуваат од ТС Инџиково 2, општина Гази Баба.

Continue Reading

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави фотографии и видео од неделната генералка во Скопје

Неделното утро во Скопје започна со активности за почисти и поуредни јавни површини, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Екипите од раните утрински часови се на терен, каде што се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот. Ѓорѓиевски посочува дека одржувањето на чист и уреден град не може да се …

Continue Reading

Громогласен аплауз за премиерот Мицкоски во Идризово: Се гради фекална канализација

Со громогласен аплауз беше проследена изјавата на премиерот Христијан Мицкоски при увидот во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекалната канализација во населеното место Идризово во Општина Гази Баба. Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности поврзани со изградбата на новата канализациска мрежа, проект кој предвидува изградба на 1.478 метри фекална канализација. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, …

Continue Reading