Признанија за 29 матуранти првенци од училиштата на Град Скопје

skopje maturanti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска им додели признанија и парични награди на 29 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.







Се работи за матуранти со најдобар успех од генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генеација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија.

– Со задоволство денеска го афирмираме училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддаваме јавно признание за постигнатите резултати. Вие сте иднината на Скопје и Македонија, во вас гледаме успешни идни професионалци и пример за идните генерации средношколци, им порача Арсовска на доделувањето на наградите.

Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ е под покровителство на Град Скопје, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK