(Фото) Општина Аеродром: Kомуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии

Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации, извести Општина Аеродром. „Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата“, соопшти Општина Аеродром.

Continue Reading

(Фото) Започна 𝟣𝟩. издание на „Карпошовото културно лето“

Општина Карпош официјално го започна 17. издание на традиционалната културна манифестација „Карпошово културно лето“, која и оваа година ќе понуди богата и разновидна културна програма за граѓаните. Првиот ден од манифестацијата беше посветен на уметноста и културното творештво. Во рамки на отворањето беше организирана изложба на постери и плакати од театарските претстави на великанот на македонската драматургија, Горан Стефановски. На …

Continue Reading

Герасимовски: Дрските лаги на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, апликацијата на Општина Центар е изработена волонтерски

Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации, реагираат од Општина Центар. „Последната во низата невистини е тврдењето на Лазар Банов дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за новата мобилна апликација. Тоа е целосна лага. …

Continue Reading

Општина Бутел: Нов пракинг и нови пристапни патеки во Скопје Север

Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор, информираат од општината. Со реализацијата на овие активности, како што оценуваат, се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината. Во …

Continue Reading

Општина Кисела Вода: Бесплатни униформи за сите ученици од основните училишта од овој дел на градот

Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици. Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор. Овие мерки, велат од општината, претставуваат директна …

Continue Reading

950 деца во школото за пливање во Чаир, сакаме секое дете да има можност да спортува

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека 950 деца на возраст од 7 до 12 години ова лето се пријавија во Бесплатната школа за пливање, која за првпат се организира во Чаир. Големиот интерес ја потврдува потребата од организирани, квалитетни и достапни спортски активности за секое дете, без оглед на финансиските можности на семејството. До 1 септември, децата ќе …

Continue Reading

(Видео) Банов: Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот

Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот, изјави Лазар Банов, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. „Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови …

Continue Reading

СДСМ: Ако имало седум третмани против комарци во Скопје, тогаш или мерките биле доцна или жариштата биле промашени

Орце Ѓорѓиевски нема одговор за епидемијата, па ја напаѓа СДСМ. Не ја прогласивме ние епидемијата во скопските општини. Не ги однесовме граѓаните ние на Инфективна. Тоа се случи во градот што тој го води, велат од СДСМ. „Заклучно со 18 август има 38 заболени и четири починати. Триесет и седум случаи се од Скопскиот регион. Починатите се мажи од 62 до 83 …

Continue Reading

Дел од општината Гази Баба утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · Исклучување од подземна мрежа -промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10 да се одредува НН ивод, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, општина Гази Баба.

Continue Reading