Eден активен пожар во атарот на скопско Блаце

Во Скопскиот регион активен е еден пожар во атарот на селото Блаце каде гори трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен. Од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје информираат дека пожарот се следи од вработени од јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дека се наоѓа на пет километри од селото Блаце. Во изминатото деноноќие имало 26 пожари на …

Continue Reading

Сончево и многу топло, попладне услови за пороен дожд, извести УХМР

Времето денесика ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=7, …

Continue Reading

Доделени наградите за вело-општини: Општина Центар е највело-скопска општина за 2023

Општина Центар ја понесе титулата највело-општината во Скопје и околината за 2023 – признание што првпат годинава го воведува здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи заедно со групата ентузијасти, со цел подобро велосипедско Скопје, „На точак“. Бодирањето на општините, како што известија, се изврши врз база на критериум (методологија) развиен во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за …

Continue Reading

Костовски: Никој не е над законот, урната ограда на државно земјиште наменета за плац за продавање на автомобили

Никој не е над законот, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски информирајќи дека општина Бутел спровела акција за ослободување на узурпирано земјиште. Акцијата како што појаснува ќе заврши со кривична пријава и ослободување на узурпирано државно земјиште на територијата на општина Бутел. „Утрово, заедно со инспекциските служби на општина Бутел, во координација со Министерството за внатрешни работи …

Continue Reading

Прогласување највело општина во Скопје

Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, денеска на прес-конференција ќе ја прогласат највело општината во Скопје и околината за 2023 година и ќе ги соопштат победничките општини во неколку категории. Како што соопштија организаторите, во изминатиов период граѓаните имаа можност преку онлајн-гласање да се вклучат во изборот …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Проширената градинка “Кокиче” врши прием на нови дечиња, родителите да аплицираат

Проширената градинка “Кокиче” е подготвена за прием на нови дечиња, соопшија од општина Кисела Вода. Во целост се завршени повеќемесечните градежни активности на Општина Кисела Вода кои опфатија проширување, односно преадаптација и кои овозможија капацитетот на овој објект да биде зголемен за нови 90 дечиња. Последниве денови се работеше и на опремување со мебел кој е обезбеден преку договор со …

Continue Reading

Арсовска со иницијатива за повторно поставување на споменикот на Ќосето: Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето. „Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек“, велат од Град Скопје. Како што наведуваат од Град Скопје, …

Continue Reading

Карпош доделува стипендии за талентирани ученици и за основци спортисти

Согласно Програмата на Одделението за образование при локалната самоуправа, Општина Карпош и годинава обезбеди финансиски средства за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици, кои учат во основните училишта на територија на општината за учебната 2023/2024 година. Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000 денари месечно за Прва категорија, односно 2.500 денари месечно за Втора категорија, известуваат од Општината. Од општина …

Continue Reading

Без вода дел од населбата Пролет во Центар

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците на дел од населбата „Пролет“ во општина Центар, во Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причина за прекинот на водоснабдувањето е дефект на улицата „Светозар Марковиќ“, кај Феријален дом во Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Continue Reading