Започна „Бела ноќ“ во Скопје

Изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции ќе се одржуваат вечер во главниот град во рамки на 19. традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2023“. Централната манифестација ќе се одржи пред порта „Македонија“. Скопјани ќе имаат можност да уживаат во композициите на маестро Кире Костов во изведба на Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски, придружувани од …

Continue Reading

Doctor Sauer ЗОО ФEСТ во Скопје ЗОО

Оваа сабота, со почеток од 12 часот, Скопје ЗОО прославува 97 години од постоењето, како најстара зоолошка градина на Балканот. „На Doctor Sauer ZOO Fest ве очекуваат жонглери, акробати, едукативна работилница и слатки задоволства- подароци за најмалите посетители. Се гледаме во 12:00 на Халки бината во Скопје ЗОО“.

Continue Reading

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради велосипедска трка

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (сабота) со почеток од 15.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трасата на движење ќе започне на ул.„Димитрије Чуповски“ кај „Порта Македонија“, право по ул.„11 Октомври“ кон зградата на Собранието до крстосницата со ул.„Филип Втори …

Continue Reading

Жичарницата од недела ќе работи до 18 часот

Ве информираме дека Жичарницата од недела (1.10.2023 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надоле. Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во …

Continue Reading

Герасимовски: Проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ има простор за уште 12 нови корисници

По повод Меѓународниот ден на старите лица кој се одбележува на 1 Октомври, Општина Центар ги потсетува пензионерите кои имаат потреба од проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ дека можат да аплицираат до секој 15ти во месецот. Преку овој проект Општина Центар, како што појаснуваат, обезбедува вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во домашни …

Continue Reading

Завршена целосна реконструкција на СУГС “Марија Кири Склодовска”

Новата учебна година за учениците од средното училиште на Град Скопје “Марија Кири Склодовска”, започна со целосно обновена водоводна и канализациона мрежа,  комплетно реконструирана спортска сала со цел овозможување подобрени услови за средношколците. Новата современа спортска сала им ги нуди на учениците сите услови за одржување на часовите по физичко воспитување. Старата и небезбедна водоводна и канализациона мрежа после 5 …

Continue Reading

Промена на работното време од летно во зимско на зонско паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2023 год. (недела) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде: – Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот; – Во сабота: од 07:00- 14:00 …

Continue Reading

Стефковски: После долги години Брњарци ќе добие водоводен систем во вредност од 7,8 милиони денари

Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети населеното место Брњарци. „Денес означуваме почеток на нов водоводен систем за ова населено место, проект кој опфаќа инсталација на нова водоводна мрежа во должина од 2,4 километри. И чија вредност изнесува 7,8 милиони денари. Како локална самоуправа сме посветени на решавање на децениските проблеми …

Continue Reading

Без вода, дел од скопска Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект од Ф-125 мм на ул.Методија Андонов Ченто (до самофорите) во населба Ченто, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.М.А.Ченто и насеба Сингилиќ со намален притисок, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот.( општина Гази Баба )

Continue Reading