Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Под насловот „Црвен конец, црн конец – катранка“, група млади писатели и креативци се впуштаат во истражување на една од најпознатите кратки народни усни творби – гатанката. Скопје, 15 јуни – Утре (петок, 16 јуни) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи мултимедијалниот интерактивен перформанс „Црвен конец, црн конец – катранка“ посветен на гатанката и афирмацијата на …

Continue Reading

Градоначалникот Ѓорѓиевски и децата со попреченост со свечена забава ја испратија учебната година

Градоначалникот на КИслеа Вода Орце Ѓорѓиевски синоќа присуствуваше на забавата по повод завршувањето на учебната година на учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и од Здружението на родители на деца со церебрална парализа. Настанот се одржа во вила ,,Касијана” и е уште еден од бројните настани кој градоначалникот ги организира со цел да се олесни животот на овие лица, индформиора …

Continue Reading

Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје ги осудува случувањата во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје

Комисијата за заштита на правата на пациентите на Град Скопје го осудува инцидентот од видеоснимките за злоставување, претепување и изживување врз пациент во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје. Како што информираат од Град Скопје, Комисијата за заштита на правата на пациентите на Град Скопје на 8 јуни одржала вонредна седница година и донела неколку заклучоци, помеѓу кои се поддршка за институциите …

Continue Reading

Стефковски додели признанија и награда од по 3000 денари за првенците на генерација

По повод крајот на учебната година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес во просториите на општината ги додели признанијата на првенците на генерација 2014/2023 година од општинските основни училишта. За настанот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: На последниот ден од учебната 2022/2023 година во просториите на општина Гази Баба ги доделив …

Continue Reading

Во Центар означен крајот на учебната година со театарска претстава за врсничкото насилство

Во период кога насилството помеѓу децата и булингот се тема не само во државата, туку и во целиот регион, во Општина Центар приватниот театар Хит од Скопје ја изведе претставата „Во домот на Волшебникот“, информираат од Општината. Со оваа претстава градоначалникот на општината, Горан Герасимовски на пристуните ученици од основните училишта го честиташе крајот на учебната година, им посака пријатен …

Continue Reading

Деветто издание на Скопје Синема Сити викендов во Кинотека

Под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Северна Македонија, на 17 и 18 месецов ќе биде одржано деветтото издание на Скопје Синема Сити, фестивал посветен на музички документарни филмови. Фестивалот годинава во својата програма вклучува изложба и три документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, Леонард Коен и Френк Запа како и …

Continue Reading

Без вода улица „1“ во Батинци

Поради уличен дефект на ул. „1“ во Батинци, пат за Марков Манастир, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 10:50 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Без вода утре дел од корисниците на улицата „Џон Кенеди“

Поради дефект на затворач Ф-300 мм. на улицата „Џон Кенеди“ број 25 во општина Чаир, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица – непарни броеви од број 1 до број 29, соопштија утрово од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, па сѐ до санирање на дефектот.

Continue Reading

Основното училиште „Гоце Делчев“ од општина Илинден доби свој паркинг простор

Нов паркинг на основното училиште ,,Гоце Делчев” од општина Илинден, со капацитет од 30 возила, е пуштен во употреба, известуваат од општината. Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека изградбата на паркинг просторот е дел Проектот за изградба кој е предвиден и во новиот Стратешки план за развој на општина Илинден 2022-2026, и вклучува заштита на локалното зеленило, подобрување …

Continue Reading