Бочварски го потврди сомнежот дека зад ДУП-от во Ѓорче се кријат криминални интереси: преписка меѓу Град Скопје и Министерството за транспорт

Од Град Скопје оценуваат дека реакцијата на Министерството за транспорт и врски уште еднаш докажува дека во Македонија ниту владее, ниту пак има изгледи правото да завладее во догледна иднина. „Благој Бочварски, поставен за министер за транспорт и врски во владата на Зоран Заев со денешната реакција дополнително го потврди сомнежот дека зад ДУП-от во општина Ѓорче Петров со кој …

Continue Reading

Санкционирани 272 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 272 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 12.02. до 18.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 158 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 114 возила …

Continue Reading

Без струја Ѓорче Петров и Аеродром

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10. во општина Ѓорче Петров ќе немаат струја. Без елекртична енергија во периодот од 09.00 до 15.00 часот, ќе бидат корисниците од улицата 12 во …

Continue Reading

Град Скопје: 23 средни училишта добиваат зеленило и нова урбана опрема

Град Скопје најавува почеток на проектот кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија. „Отпочнуваме со средното училиште “Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, каде во рамките на проектот, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна …

Continue Reading

Изгореа три пластични контејнери на Партизанска, чадот се забележуваше од Аеродром

Голем црн чад се рашири низ Скопје од запалени пластични контејнери на булеварот Партизански одреди. Пожарникарите се на терен, а огнот е изгаснат. „Гореа три пластични контејнери, затоа се крена густ црн чад. На терен е едно возило со тројца пожарникари и огнот е веќе изгаснат“, вели командантот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески за „Макфакс“. Скопската противпожарна бригада денес …

Continue Reading

Стефковски: Привршува изградбата на црквата на Смилковско езеро во помен на убиените деца

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, Господин Господин Стефан и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски ја посетија Црквата Св. 40 Маченици која се гради на Смилковското езеро. За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: „Утрово заедно со Поглаварот на Македонската Православна …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Утрово срушен нелегално граден објект во Кисела Вода, нема толеранција за никого

Акција за рушење на нелегално граден објект рано утринава се одвиваше во општина Кисела Вода. Се работи за индустриски капацитет спроти трaфостаница во индустриската зона на патот Пинтија-Драчево, изграден со нерегуларна документација, информираа од општината. Градоначалникот Ѓорѓиевски, упати порака дека новиот, законски начин на работа во оваа општина е видлив и дека нема да има толеранција за никој што ќе …

Continue Reading

Без струја Карпош, Чучер Сандево и Сарај

„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Чучер Сандево и Сарај. Во периодот од 9 до 14 часот корисниците од куќите околу пералницата Smartwash на раскрсницата на булеварот Илинден со булеварот 8 Септември и бараките до ФДУ во општина Карпош ќе немаат струја. Во периодот од 9 до 15 часот струја ќе немаат …

Continue Reading

Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска избега повторно од советнички прашања, од што се плаши

„Еве веќе не знам која по ред седница е ова на советнички прашања каде што ние како совет сме доведени до ситуација да нема на кого да поставиме прашање, секоја чест на исклучоци, јас ќе ги поздравам директорите кои што се денеска тука во салата, но од друга страна градоначалничката не е присутна, секретар на град Скопје не е присутен“, …

Continue Reading