Поради дефект без вода дел од населба Драчево

Поради уличен водоводен дефект од ф-150 мм на ул. „Јустинијан Први“ бр.116 населба Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Студеничанска“, ул. „Речиште“, ул. „Сердарот“ и ул. „Илија Ристевски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 10:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Без вода неколку скопски улици

Поради дефект,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улицата  „Осло 11“, како и улиците „Будимпештанска“ и дел од „Варшавска“. Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот  до отстранување на дефектот. Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 09:40 часот се и корисниците од улиците „Севастоплолска“, „Македонски кралеви“ и дел …

Continue Reading

Стефковски: Поминаа седум години од поплавите. Никогаш да не се повтори.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја погоди општина Гази Баба.   Во објавата Стефковски напиша:   Почитувани граѓани, Денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба.   …

Continue Reading

Силен дожд, ветер и грмотевици во скопската котлина

– Силен дожд, ветер и грмотевици попладнево го зафатија Скопје и скопската котлина. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град ќе има и во ноќните часови. Можно е, како што велат од УХМР, да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и …

Continue Reading

Поради најави за невреме, се расчистуваат сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот

 – Екипите на сектор Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализациската мрежа, во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме, вчера и денеска спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациска мрежа, информираат попладнево …

Continue Reading

Арсовска: За да добиеме бесплатен јавен превоз, советниците треба тоа да го изгласаат

– Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, во вечерашното гостување на Канал 5, на прашање од граѓаните во однос на тоа дали ќе има бесплатен јавен превоз во главниот град, рече дека тоа е директно поврзано со набавката на 250 нови автобуси и дека треба да го гласаат советниците од градскиот Совет. – Бесплатниот јавен превоз е нешто што е …

Continue Reading

Арсовска: Нема покана од Владата за средба со раководството на Град Скопје

 – Досега нема покана од Владата за средба на која би се разговарало за помош од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја повика неа и нејзините соработници на состанок во Владата затоа што „градот на ништо не личел“. – …

Continue Reading

Без вода дел од улицата „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“

Поради дефект на приклучна цевка ф ¾“ на ул.„Борис Трајковски“ 1/19, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од „Борис Трајковски“ ул.1,3,5 и 7 и дел од булевар „Србија“. Од ЈП Водовод и Kанализација – Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 16:40 часот до завршување со активностите.

Continue Reading

Заврши реконтрукцијата на улица „Даме Груев“ во Центар

Завршија реконструкцијата на улицата „Даме Груев“ од раскрсницата со улицата „Димитрие Чуповски“ до раскрсница со улицата „11ти Октомври“, која се одвиваше во две фази, соопштуваат од Град Скопје. Тие истакнаа дека оваа сообраќајница во централното градско подрачје била во лоша состојба и континуирано била посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот. – Со реконструкцијата на …

Continue Reading