Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во општина Илинден

1-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со положување свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци беше одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци. Цвеќе положија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, дирекротот на ООУ Браќа Миладиновци Дарко Петковски, директори на училишта, јавните претпријатија, здруженија, известува општината.

Од страна на децата од детската градинка во Миладиновци по повод патрониот празник беше подготвена приредба во чест на празникот.

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник беше разгледан летниковец кој ќе служи како едукативно катче во дворот на училиштето. Во иднина се очекува да се користи како катче за дружење, настава на отворено и место каде ќе може да се разговара и дебатира за теми кои ги засегаат учениците, се додава во соопштението на општина Илинден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK