Теренот на Националната арена ќе добие нова тревна подлога

Теренот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе добие нова трева. „Почнуваме активности во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините пропратни елементи . АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со Фудбалската федерација на Македонија почнува процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е …

Continue Reading

Општина Илинден обезбеди продолжен престој и за учениците од второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“

Во ПООУ „Гоце Делчев“ од вчера започна продолжен престој и за учениците од второ одделение, кој го обезбеди градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во продолжениот престој за второ одделение има вкупно 31 дете и се сместени во просторија комплетно опремена за таа намена. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети училиштето и децата, со цел да се запознае …

Continue Reading

Реконструкција на спортска сала во ООУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров

Со менување на подот во училишната спортска сала кој ќе биде заменет со нов гумиран под, бојадисување на салата, но и молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование денеска стартуваше реализација на проектот „Санација и опремување на спортска сала во ООУ „Мирче Ацев“, извести општина Ѓорче Петров. Општината во соработка со Министерството за образование и наука денеска …

Continue Reading

Во недела во парк, осма традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Под слоганот „Подај рака“, во недела на 08.10.2023 на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје со почеток во 10.30 часот ќе се одржи осмиот по ред хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест „Вилсон“, под слоганот „Подај рака“. Целта на настанот е подигнување на јавната свест за ретките болести вклучувајќи ја и „Вилсон“, и поддршка …

Continue Reading

Без вода делови на Гази Баба, Центар, Карпош и Бутел

Поради планирани зафати во водоводната мрежа утре без вода ќе останат неколку населени места. -поради водоводен приклучок на ул. Лазар Поптрајков бр.20 ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Лазар Поптрајков и дел од корисниците од ул. Ташко Караџа од 09:00 часот. ( општина Гази Баба ) – поради промена на вентил (затварач) 6/4 на ул. Мирослав Крлежа бр,39 ,прекинато водоснабдување …

Continue Reading

Контејнери за електричен и електронски отпад поставени на 12 локации во Кисела Вода

Жителите на општина Кисела Вода од денес, на 12 различни локации, имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен, електронски отпад и отпадни батерии. Општината во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии. На самиот контејнер има инструкции за користење, како …

Continue Reading

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секоја понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Со интонирање на државната химна, секој понеделник ќе започнува наставата во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром, најави градоначалникот Тимчо Муцунски. На својата фејсбук страна тој објави и видео од денешното интонирање на химната. „Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на …

Continue Reading

Отворен нов наплатен пункт во населбата Лисиче

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, денес отвори нов наплатен пункт во населбата Лисиче. Со отвoрањето на новиот наплатен пункт јавното претпријатие им овозможува на своите корисници да ги плаќаат своите сметки, да ја пријавуваат состојбата на водомерите, да го проверуваат својот долг за потрошена вода, да пријавуваат дефекти и сл. …

Continue Reading

Изградба на нов кров на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино, општина Илинден

Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ се отпочна со реализација на проектот за реконструкција односно, замена на кровната површина на централното училиште во Кадино. Во рамки на проектот предвидена е целосна замена на постоечката кровна површина на централното училиште, ќе се изврши отстранување на старите салонитни табли кои содржат азбестни компоненти, отсранување на хоризонтални и вертикални олуци, поставување на кровен …

Continue Reading