Од толку обилни крокодилски солзи ќе се поплави Карпош, вели Стевчо Јакимовски
Очекувам поплава во Карпош. Да си земеме соодветна опрема, рибарски чизми, вели градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „Солзите на режисерот Христијан и актерот Вељановски се толку обилни што ќе предизвикаат поплава во Карпош. Крокодилските солзи не се за решавање на проблемите на граѓаните, туку за создавање на проблеми – да не функционира Општина Карпош, да не се реализираат предвидените …
Continue Reading
И покрај циркусот од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Општина Карпош го донесе буџетот, вели Јакимовски
Заврши 37-та седница на Советот на Општина Карпош, во чии рамки мнозинство советници го изгласаа општинскиот буџет за 2024 година. Според градоначалникот на општината Стевчо Јакимовски ова беше настан без преседан во историјата на локалната самоуправа, каде што советниците на ВМРО-ДМПНЕ се обидоа, како што рече да го блокираат донесувањето на буџетот, а со тоа да го запрат функционирањето на …
Continue Reading
(Видео) Велјановски: Со насилство и талатизација во советот на Општина Карпош, со Левица како главен играч, се донесе буџетот на општината, среќна нова 1949
Денес сме сведоци на насилство и талатизација на Советот на општина Карпош. Имено, на сила, вон секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти, со кршење на Деловникот, Статутот на општина Карпош и Законот за локална самоуправа, со 15 гласа ЗА беше усвоен Буџетот на општина Карпош за 2024 година, истакна Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во …
Continue Reading
Општина Центар со хуманитарна помош за најранливите во пресрет на божиќните празници
Општина Центар во соработка со невладината организација ,,Банка за храна’’ додели пакети со прехранбени намирници на четириесетина социјално загрозени семејства во Маџир Маало и Крњево. Градоначалникот Герасимовски им посака на своите сограѓаните убави празници и порача дека општината ќе продолжи да се грижи и да помага каде што е најпотребно. „Се надевам дека оваа помош е добредојдена, особено во пресрет …
Continue Reading
Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа а 18-ти во светот
Утринските мерења покажуваат дека скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа а 18-ти во светот, покажува страницата Ајкјуер. Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Калкута и Шангај со смртоносно висока загаденост. ПМ-честичките се неколку дена над дозволеното. Министерката Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување. Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант мерки што ќе …
Continue Reading
Денеска без струја дел од Центар
Поради планирани прекини на ел. енергија во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, без ел. енергија ќе бидат следните корисници: Од 08,30ч до 10,30ч корисниците од ул. Загребска и црквата Св. Јован Крстител ( о. Центар).
Continue Reading
Налепници „слободна Газа“ на семафорите во Чаир, „Улици и патишта“ со денови не ги одлепува
Семафорите на крстосницата на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош со улицата Ферид Бајрам, на границата меѓу општините Чаир и Бутел, веќе неколку денови се залепени со налепници на кои пишува „слободна Газа“. Залепени се црвеното и зеленото светло во обете насоки на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, па многумина возачи, кога ќе светне зеленото светло, збунети од она што го гледаат, се случува да …
Continue Reading
Јакимовски за блокирањето на Буџетот: Загрозено е давањето услуги на граѓаните во Карпош
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ја предупреди јавноста дека поради блокирањето на Буџетот од страна на дел од советниците, доведено е во сериозна опасност работењето на општината и давањето на услугите на граѓаните во Карпош. Со блокирањето на Буџетот, како што рече Јакимовски, директно се загрозува локалната власт. „За жал можеме да видиме како неодговорни луѓе си играат …
Continue Reading
Карпош ја почна годината без изгласан буџет: нема пари за плати, за струја и вода во градинките и училиштата, вработените на протест
Вработените во општинската администрација во Карпош, денеска се собрааа на протест со цел јавно да го изразат своето незадоволство и стравот од последиците поради недонесувањето на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година. Причина за тоа, како што велат, е несовесното и противзаконско работење на дел од членовите на Советот, поточно на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Роберт …
Continue Reading