Подготвени триста божикни оброци за социјално загрозени семејства во Општина Кисела Вода

Сите на овој свет сме со некоја мисија, а мојата е да има што повеќе среќни луѓе, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој, заедно со отецот Оливер, со својата сопруга и дел од кабинетот го мина Божикниот ден во црковно-народната кујна на хуманитарната организација “Свети Спас”, каде заеднички подготвија триста оброци за социјално-загрозените граѓани. „Божиќ е празник …

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај во Скопје од вторник до сабота

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во периодот од 09 до 13.01.2024 (од вторник до сабота), поради официјална посета на  делегација предводена од Н.Е. Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Со посебниот режим кој ќе го спроведе …

Continue Reading

Градоначалникот на Општина Илинден ги пречека бадниковите коледари

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање. На Бадниковите коледари од Општина Илинден кои се собраа во голем број, градоначалникот им подари коледарско пакетче, им посака добро здравје и да имаат среќни празници. Од пред Домот на култура во Илинден Бадниковите коледари се упатија кон Градскиот плоштад …

Continue Reading

Арсовска ги пречека младите бадникари средношколци од Бадниковите поворки

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска ги пречека младите бадникари средношколци од Бадниковите поворки. Таа на својот фејсбук профил напиша дека со песната освен веста за Христовото Раѓање се покажала и убавината на традицијата со пеење на божиќните каланди. „Ги пречекавме нашите млади бадникари средношколци од Бадниковите поворки кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање и ја покажаа …

Continue Reading

Сообраќајниците кај Соборен храм ќе се затворени за сообраќај од 10.30 часот

Сообраќајниците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје  од 10.30 часот ќе бидат затворени поради настан со кој ќе се одбележи празникот Бадник. МВР соопшти дека посебниот сообраќаен режим во тој дел од градот ќе важи до завршување на настанот пред храмот. -Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како …

Continue Reading

Утре посебен сообраќаен режим околу соборниот храм “Св. Климент Охридски“

Утре поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10.30 часот се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св. Климент Охридски“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници. СВР …

Continue Reading

Левица како политички исцедок на СДС беше основното орудие со кое Јакимовски го спроведе насилието за да биде донесен Буџетот на општина Карпош, вели Вељановски

Втор ден откако се погазени и престанаа да се почитуваат законите, Деловникот и Статутот на Општината во општината во Општина Карпош, вели Роберт Вељановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош. „Левица како политички исцедок на СДС беше основното орудие со кое Стевчо Јакимовски го спроведе насилието за да биде донесен Буџетот на општина Карпош за 2024 година. Од …

Continue Reading

Буџетот во Општина Карпош го гласаа сите советнички групи освен ДПМНЕ, велат од Левица

На продолжението на 38мата седница на Советот на Општина Карпош, беше изгласан предлог буџетот за 2024 година, а за негово усвојување гласаа сите советнички групи, освен онаа на ДПМНЕ, велат од Левица. „Советниците на Левица гласаа во заштита на интересите на карпошани и доследно на партиската идеологија ги дадоа следните предлози, кои беа прифатени како дел од буџетот за 2024 …

Continue Reading

Општина Центар со засилен надзор и казни против загадувачите

Инспекциските служби на Центар спроведуваат засилени надзори и контроли на територијата на општината за справување со аерозагадувањето и оставањето градежен отпад. „Контрола е извршена на повеќе активни градилишта во Буњаковец, Центар, Кале и Пролет, при што се изречени глоби на субјекти кои не ги почитувале мерките за одржување на градилиштата на начин што нема да ја загадува и деградира урбаната …

Continue Reading