Отстранети десетина диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир

Во текот на празничниот продолжен викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир. Отстранети се автомобилски гуми, стар и неупотреблив мебел, градинарски отпад и градежен шут што беа непрописно одложени на јавни и сообраќајни површини на улиците Февруарски поход – во …

Continue Reading

Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Жителите од населеното место Бујковци добија комплетно реконструирано спортско игралиште за мал фудбал, кое денес беше пуштено во употреба. Во рамки на реконструкцијата целосно е обновен теренот со нов асфалтниот слој и обележување на истиот, поставено е целосно ново лед осветлување, променета е заштитната ограда околу целиот терен, поставени се корпи за отпадоци, како и просторот е партерно уреден со …

Continue Reading

Зелени контејнери во училиштата, едукации и еко линија за е-отпад во Општина Центар

По повод Меѓународниот ден на електронскиот отпад, Општина Центар во соработка со „Нула Отпад“ успешно ја спроведе еко акцијата „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад“. Целта на акцијата беше подигнување на свеста за важноста на правилното управување со електронскиот отпад и заштита на животната средина, особено меѓу најмладите. Низ сите основни училишта во општината се поставени зелени …

Continue Reading

Делови од Центар, Бутел, Чучер Сандево и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат: • од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од бул. Партизански Одреди, поточно објектите во околината на ТИНЕКС Маркет – Деликатес како и дел од ул. Мирослав Крлежа, …

Continue Reading
Утре без вода дел од Чаир

Дел од општина Центар денес без вода

Без вода од 08:30 часот до завршување на дефектот ќе бидат корисниците на дел од улица „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар. Прекинот, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, е поради уличен дефект Ф-100 мм на крстосницата на улицата „Димитрие Чуповски“ и булеварот „Св.Климент Охридски“.

Continue Reading

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени. Станува збор за давање бесплатни совети од страна на стручни тимови со различни области. Психолошкото советување опфаќа психолошката помош обезбедена од страна на стручно лице-психолог искусен за траума и злоупотреба …

Continue Reading

Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски” во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории. Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис …

Continue Reading

Со инклузивна детска претстава Кисела Вода ги одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа беше дел од одбележувањето на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела. Во МКЦ, во организација на Општина Кисела Вода, Здружението на деца и родители со церебрална парализа, заедно со децата од Детскиот алтернативен театар „Мали, а, големи“, пред преполна сала, се одигра инклузивната детска претстава „Малиот принц“. -Денес сме тука заедно да …

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 12.10.2024, сабота, во периодот од 06.00 до 18.00 часот, поради снимање на филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во …

Continue Reading