Герасимовски: Засилените контроли на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжуваат

Во заедничка акција инспекторите за животна средина на Општина Центар, хигиеничарите од ПОЦ и Министерството за внатрешни работи исчистија и заградија напуштен објект кој пред извесен период бил диво населен и претворен во дива депонија и кој претставуваше извор на зарази. Објектот се наоѓа во непосредна близина на гимназијата Р.Ј Корчагин, информираат од Општина Центар. Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски …

Continue Reading

Скопје е меѓу европските градови со најнезадоволни жители од јавниот превоз

Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз. Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија што го објави „Еуроњуз“. Извештајот на ниво на европските градови покажува дека само 47 отсто од жителите на Скопје се задоволни од јавниот превоз …

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 15.00 до 17.00 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат …

Continue Reading

Стартува јавниот повик за финансиска поддршка за поправка и санација на кровови и лифтови во Општина Центар

Општина Центар распиша Jавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2024 година. Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста …

Continue Reading

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата. Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се …

Continue Reading

Јакимовски: Владата да си го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски ја повика Владата на Република Македонија да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8.3 милиони денари, затоа што локалната самоуправа не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, општината издвои 6 милиони денари за оваа намена затоа …

Continue Reading

Грејната сезона започнува утре, но не и за осум училишта во Карпош

Новата грејна сезона во Скопје ќе почне официјално утре, а ЕСМ ги советува граѓаните и фирмите да ги подготват своите системи за греење. ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење бидејќи утре започнува грејната сезона според календарот. Исклучок ќе биде општина Карпош каде во училиштата грејната сезона ќе започне на 1 ноември. Осум училишта …

Continue Reading

6800 ученици од Гази Баба добија бесплатни училишни униформи

Општина Гази Баба успешно го реализираше проектот за обезбедување на бесплатни училишни униформи за сите ученици кои го следат образовниот процес во општинските основни училишта на нејзината територија. Од општината информираат дека со проектот се опфатени 6800 ученици кои добиваат сет на бесплатни училишни униформи кој содржи две поло маици, една блуза со долг ракав и еден дуксер. Вредноста на …

Continue Reading

Граѓаните на општина Ѓорче Петров вклучени во креирањето на буџетот на нивната општина

Општина Ѓорче Петров повторно ги вклучува граѓаните во изготвување на буџетот. Како и минатите две години, жителите на оваа општина повторно ќе имаат можност да учествуваат во креирање на буџетската каса за 2025 година. -Целта е сите заедно да ги испланираме и реализираме приоритетите кои ќе ја направат нашата општина подобро место за живеење. Мислењето на граѓаните е особено важно …

Continue Reading