Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства

Општина Центар продолжува со својата посветеност за создавање поинклузивно општество за сите граѓани. И оваа година, општината запишува 20 дечиња од ромска националност кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на возраст од 3 до 6 години во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“. Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски …

Continue Reading

Граѓаните на Општина Илинден вклучени во креирањето на Буџетот за 2025 година

И оваа година Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година, такашто од денеска 12.11.2024 година до 29 ноември 2024 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2025 година. Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните. Посветени на оваа цел, ги повикуваме сите граѓани, претставници …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување на дел од улиците Орце Николов, на потегот од Ленинова до Наум Наумовски Борче

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Орце Николов 98, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од ул.Ленинова до ул.Наум Наумовски Борче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, соопштија надлежните.

Continue Reading

Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година

Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година. На средбите што ќе се одржуваат во текот на ноември во основните училишта, ќе прусуствува в. д. градоначланикот Дејан Митески заедно со претставници на Општина Аеродром. Аеродромци ќе можат да ги дадат своите предлози и идеи и да …

Continue Reading

Минатата недела санкционирани 𝟣𝟫𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 04.11. до 10.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 194 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос …

Continue Reading

На Водно падна снег

Првиот снег падна утрово на Водно. Од камерите на Водно се забележува дека на врвот осамна снежна покривка. Снег падна и на патниот правец Кратово-Пробиштип, каде сообраќајот е во прекин за камиони.

Continue Reading

Дел од општина Зелениково денеска без струја

ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат: – Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од село Пакошево, село Вражале, село Орешани, село Таор, село Смесница, село Страхојадица, село Градовци, село Гумалево, село Ново Село, село Тисовица во општина Зелениково.

Continue Reading

(Фото) Скопје на 6-то место во светот по загаденост на воздухот

Скопје во моментов е на 6-то место во светот по загаденост на воздухот, според листата на IQAir.   Пред нас се само Лахор (Пакистан), Делхи (Индија), Багдад (Ирак), Ташкент (Узбекистан) и Сараево (Босна и Херцеговина). Концентрацијата на PM2,5 во Скопје во моментов е 11,7 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на СЗО, пишува на нивниот …

Continue Reading

Скопје и вечерва меѓу најзагадените градови во светот

Скопје е меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir. Во текот на денов, главниот град постојано беше на врвот на листата според штетните честички во воздухот. Со значително загаден воздух се и Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар.

Continue Reading