Бомбата во Ќерамидница фрлена во дворот на Штекли кој претходно се обидоа двапати да го убијат во „Ист гејт мол“
Бомбата во скопската населба Ќерамидница била фрлена во дворот на Раде Трајковски-Штекли, кој е пренесен во болница, но е вон животна опасност. Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека е запознаен со случајот и добро е што никој не е во животозагрозувачка состојба во моментов, а лошо е што криминалните банди хараат и денес. Вели дека службите постапуваат. „Во изминатите …
Continue Reading
Еднократна парична помош, 2.500 денари за пензионери во социјален ризик и приматели на социјална помош, вели Герасимовски
Трета година по ред Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна парична помош за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Јавниот повик е објавен денеска и важи до 29.11.2024 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари и ќе биде по принципот …
Continue Reading
Фрлена бомба во Керамидница, едно лице е пренесено во болница
Денеска во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа, извести МВР. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Викенд населбата Морани денеска без вода
Денеска поради уличен дефект на улицата 6/бб Морани, прекинато водоснабдување од 08 часот ќе имаат корисниците од викенд населба Морани во општина Студеничани.
Continue Reading
Арсовска: Да го градиме Скопје како град на успеси и перспективи
Денес одбележуваме важен јубилеј, одбележуваме 80 години од ослободувањето на нашето Скопје – момент кој значи не само ослободување од тешкото бреме на војната, туку и почеток на самостојност, независност и непрекината борба за подобро утре, се истакнува во соопштението од Град Скопје по повод денот на ослободувањето на Скопје. „Овој историски ден е симбол на победата на духот, на …
Continue Reading
Герасимовски: Се поклонуваме пред нашите борци, младите да го негуваат слободарско Скопје
Општина Центар и Здружението на пензионери на општината, со хуманитарниот „Фестивал на симит и погача во срцето на Скопје“, го прославија големиот јубилеј – 80 години слободно Скопје. Во чест на 13 Ноември, пред муралот на Горан Стефановски беше организиран добротворен базар со автентичните скопски специјалитети, а настанот го збогатија учениците од ООУ „Коле Неделковски“ со рецитации и песни за …
Continue Reading
Општина Карпош: Осум децении од ослободувањето на Скопје
По повод 80 годишнината од ослободувањето на градот Скопје, денеска, со низа почести, пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред, градоначалникот Стевчо Јакимовски, како и делегации на Сојузот на борци на Македонија, оддадоа почит и се поклонија на овој голем ден за главниот град. Во рамки на свеченоста, беа засадени 40 дрвца од видот црвенолисен јавор, како дел …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Скопје повторно ќе биде горд град
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес положи цвеќе пред паметникот на загинатите борци кои животот го положија за слободата на Скопје. Тој се осврна на историскиот момент и заслугата на партизаните за слободата која денес ја живееме, но и за обврската кон нив која ја имаме за Скопје повторно да биде убав град и поубаво место за живеење. …
Continue Reading
(Видео) Стефковски со повик до скопјани: Да се бориме за подобро Скопје
По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Градот Скопје, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи објави видео обраќање до скопјани во кое ги повика заедно да се борат за подобро Скопје. „Како градоначалник на една од најголемите скопски општини ве повикувам заедно да се бориме за подобро Скопје. Ако пред 80 години нашите предци воделе …
Continue Reading