Културно лето во Кисела вода: во сабота наутро семеен ден во парк “Македонија”

Културното лето на Општина Кисела Вода е во полн ек. Утрешниот, саботен ден во кој и официјално Кисела Вода го прославува својот роденден, започнува под насловот Семеен. „Од 10 часот, во паркот Македонија, веднаш до домот на култура” Билјана Беличанец”, ги покануваме сите дечиња со нивните родители, да дојдат и да уживаат во предвидените содржини. Настанот ќе го отворат “Данса …

Continue Reading

Кисела Вода поставува надворешни пречистувачи за воздух во парковите

Кисела Вода е првата општина која поставува надворешни пречистувачи за воздух! Во рамки на роденденското празнување во кое покрај останатите случувања се промовираат и капитални проекти кои се од големо знаење за граѓаните, се реализира ова иновативно еколошко решение. Пречистувачите се поставуваат во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната …

Continue Reading

Ѓорѓиевски за 69-тиот роденден на Кисела Вода: Досега реализиравме 90%, 70-годишнината ќе ја дочекаме со 100 процентна реализација од ветеното

Општина Кисела Вода денес ја одржа свечената седница по повод својот 69-роденден. На настанот покрај градоначалникот Ѓориевски, Претседателот на Советот Колариќ и советницитите, присуствуваа бројни гости. Меѓу нив и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поранешни градоначалници, претседатели на советот, претставници на бизнис заедницата, уметници и други лица кои добија статуетки-клучеви за трајни заслуги во развојот и афирмацијата на општина …

Continue Reading

Општината Ѓорче Петров одбележа 103 години од смртта на револуционерот

Општина Ѓорче Петров денеска пред споменикот на патронот Ѓорче Петров во реонскиот парк со пригодна свеченост и положување цвеќе од страна на бројни делегации, одбележа 103 години од неговата смрт. Ѓорче Петров беше убиен во 1921 година во Софија. Општината со гордост го носи името на револуционерот и идеолог Ѓорче Петров кој поставил здрави темели на кои денеска се потпира …

Continue Reading

Општина Центар распиша Конкурс за избор на идејно решение за нова општинската административна зграда

Општина Центар објави анонимен конкурс за избор на идејно решение за проектирање нова општинска зграда. Со изградбата на општинската зграда, старите и дотраени бараки во кои сега се наоѓа општинската администрација ќе се заменат со функционален, современ и рационален комплекс што треба да ги задоволи не само општинските, туку и реалните потреби на жителите кои гравитираат во овој простор. Идејното …

Continue Reading

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

На работна средба, утрово во просториите на Општина Аеродром официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, на која присуствуваа поранешниот градоначалник, Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески. Двајцата функционери ја потенцираа досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет. Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека Општината продолжува да ја води …

Continue Reading

Отстранета обемна дива депонија на булеварот Никола Карев

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД. Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето …

Continue Reading

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта, предизвикана од невремето што вчера го зафати главниот град. На 112 во ЦУК, доцна синоќа во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош). Увидна екипа од МВР била на …

Continue Reading

Над 10.000 посетители на Два Бона и Пајак на Културно Лето Кисела Вода

Преку 10 000 посетители имаше синоќа во паркот Расадник на втората фестивалска вечер од Културнoто Лето на Општина Кисела Вода. Пајак и Два Бона одржаа концерти кои долго ќе се раскажуваат. Покрај нивните хитови кои се пееја цела вечер во еден глас, тие на сцената настапија и заедно, со нивната нова заедничкa песна “Алиби”. Аплаузи, пеење, сликање со идолите, огномет …

Continue Reading