Нова сензорна соба во училиште во Ѓорче Петров

senzorna-soba-OOU-Tihomir-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот Александар Стојкоски денес направи увид во завршните градежни активности за изградба на нова, современа сензорна соба во Основното училиште „Тихомир Милошевски“. Оваа просторија е наменета за поддршка и работа со дечињата со попреченост, овозможувајќи им квалитетни услови за развој и едукација.


„Инклузивноста и грижата за секое дете се основен приоритет во нашата работа. Со оваа сензорна соба, значително ќе ги подобриме условите за учениците кои имаат потреба од специјализирана поддршка,“ изјави градоначалникот Стојкоски за време на посетата.

Покрај оваа инвестиција, градоначалникот најави и други значајни подобрувања во истото училиште. Во наредниот период ќе се изврши целосна замена на старите подови во училниците, со површина од 165 м², како и поставување на нови врати.

Овие активности се дел од заложбата на Општина Ѓорче Петров за постојано подобрување на условите за образование и благосостојба на учениците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK