Општина Центар започна со есенска дератизација
Општина Центар ја започна есенсктаа дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата која ја спроведуваат општински служби има за цел да ги уништи штетните глодари, инсекти и да превенира од можна појава на заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести …
Continue Reading
Заменети сите оштететни корпи за отпад во Сарај
Јавното претпријатие Комунална Хигиена ги замени сите оштетени корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Сарај. -Активностите се реализираа на десетина локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови – соопштија од претпријатието. Оттаму додаваат дека и во претстојниот период ќе продолжат со етапно менување на сите оштетени …
Continue Reading
Дел од општина Карпош и општина Сарај денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од булеварот 8-ми Септември до улицата Никола Тесла во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 08.30 часот па се до завршување …
Continue Reading
Дел од неколку скопски населби без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Козле од бр.130 до бр.170 ( општина Карпош ), како и дел од корисниците од ул.24 во населба Сопиште. ( општина Сопиште ) – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Петар Дељан и Ѓорѓи …
Continue Reading
Бесплатен скрининг на тироидната жлезда за деветтооделенците во Општина Аеродром
Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром добиваат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда. В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и в.д директорот на Здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува скрининзите да се реализираат во училиштата по претходно определен датум и …
Continue Reading
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.10. до 03.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и …
Continue Reading
Општина Гази Баба одбележа 48 години од своето постоење
По повод 3 Ноември, Денот на општина Гази Баба се оддржа свечена академија на која се обрати градоначалникот Бобан Стефковски. Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Стефковски се осврна на постигнатите резултати во изминатите три години од неговиот мандат, како и за плановите за престојната година. “За да може да се направи разлика и да се даде оценка на времето кое …
Continue Reading
Ѓорѓиевски на средба со граѓански организации за јакнење на транспарентноста и зголемување на дигиталното учество на граѓаните во процесите на општината
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и тимот од Кисела Вода што работи на спроведување на заложбите од глобалното Партнерство за отворена локална власт, каде оваа општина, како единствена од Македонија беше избрана за членка, одржаа работна средба со претставници од повеќе граѓански организации. Целта на овој состанок беше давање на препораки, сугестии и мислења за тоа како општината може да ја унапреди …
Continue Reading
Неколку скопски општини денеска без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија денеска без електрична енергија ќе бидат следните корисници: · Во период од 09 до 14 часот општина Зелениково, нм Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево; · Од 09 до 13 часот корисниците од улицата Исаија Мажовски општина Ѓорче Петров; · Од 09 до 14 часот …
Continue Reading