Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 …

Continue Reading

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои сведочат за начинот на кој ги спроведувал овие незаконски постапки, институциите уште се мислат кога да ПОЧНАТ да постапуваат“, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. „Во меѓувреме Висар си брише имотни листови од Катастар, замислете овие луѓе кои до …

Continue Reading

Внимавајте, метални сопки на тротоарите

Заради безбедност и регулирање на сообраќајот во секој град се поставени сообраќајни знаци. Се поставуваат на тротоар многу близу до коловозот. Во Скопје речиси не постои улица и тротоар што не биле прекопани најмалку еднаш заради реконструкција и/или поставување нови комунални инсталации (цевки, канали, кабли и др.). При тие реконсрукции на тротоарите се отстрануваат сообраќајните знаци или се преместуваат. Бидејќи …

Continue Reading

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за управување со кризи. „ЕВН дел по дел полека го враќаат протокот на струјата во нисконапонскиот дел во нормала. За краток период се очекува целосно нормализирање на состојбите“, соопшти ЦУК.

Continue Reading

Голем пожар кај Вардариште, жителите на делови од Ародром, Ново Лисиче и Гази Баба без струја

Пожар кај Вардариште остави беа струја делови од неколку скопски општини. Жителите преку социјалните мрежи со остри реакции и повици да се стави крај на таквата состојба. Пишуваат дека веќе два до три часа надлежните не можат да се справат со пожарот, кој како што пишуваат веќе се проширува. На 35 степени зачадени ни ја исклучија струјата. Ако отвориш прозор …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Мега проектот за Стаклара – Каменик конечно станува реалност

Мега проектот за Стаклара – Каменик конечно станува реалност – после половина век мојот народ добива чиста вода за пиење. Р​абота и само работа, а не празни флоскули е она што нас нѐ одликува, а кога се работи чесно за народот, резултатите се очигледни, информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. „Чест ми е да ве информирам, почитувани мои, дека …

Continue Reading

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа се сретна со жителите на Дебар Маало во рамки на караванот „Се гледаме во маало“. Средбата се одржа на спомен-клупата на Горан Стефановски, каде што дебармаалци имаа можност директно да разговараат со градоначалникот, да дадат предлози и да се информираат за тековните и планирани општински активности. „Дебар Маало е боемската душа на Центар. …

Continue Reading

Мурал од балкански рис исцртан на фасадата на Театар Комедија

Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво вчера го прослави Светскиот ден на рисот. „Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија – Дарко Спасов. Целта ни е со овој мурал да ја подигнеме …

Continue Reading

Без вода дел од скопски Карпош

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. Осло бр. 15б, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од ул. Осло. ( општина Карпош )

Continue Reading