Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟤𝟪 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 14.07.2025 до 20.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 128 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите …
Continue Reading
Европски младински олимписки фестивал (EYOF) 2025 во Скопје и Куманово: ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји
Најголемиот младински спортски настан во Европа, кој ги поврзува учесниците во духот на олимпизмот, пријателството, меѓусебната почит и поддршка, ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска), од 20 до 26 јули 2025 година. На традиционалниот престижен олимписки фестивал ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји, над 4000 спортисти на возраст од 14 – 18 години, нивни тренери …
Continue Reading
МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“
Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од таму додаваат дека хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. „Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти“, соопштија од оваа институција.
Continue Reading
Општина Аеродром за првпат ја реконструира водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром, известува Општината. „Станува збор за клучна улица во должина од околу 1300 метри со вкупно 109 приклучоци и можност за нови приклучувања на оваа …
Continue Reading
Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје
По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство …
Continue Reading
Пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во Илинден
Со одигрување фудбалски натпревар беше пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во општина Илинден. Капитална инвестиција што ја реализираше Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Овој проект претставува едно од најзначајните инфраструктурни вложувања во спортот на локално ниво и е симбол на континуираниот развој на општината. Стадионот е изграден согласно сите современи стандарди за одржување …
Continue Reading
Ѓорѓиевски потпиша договор со министерот Лимани за опремување на првата градинка во Потстаница
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и неговиот заменик Ѓоко Велковски. Целта на средбата, како што извести Општината, беше потпишувањето на договорот за опремување на новата градинка во населбата Потстаница, чија изведба е во завршна фаза. Ова ќе биде првата детска градинка во овој дел од општината, која ќе овозможи современи …
Continue Reading
Нови 40 паркинг места во Буњаковец, на локација каде имаше дива депонија
Општина Центар започна со изградба на нов паркинг, лоциран зад катната гаража во Буњаковец, со капацитет за 40 возила. Во моментот се изведуваат активности за израмнување и асфалтирање на теренот, по што ќе следи обележување на паркинг-местата и брзо пуштање во употреба. „Идејата за нов паркинг дојде директно од жителите на Буњаковец, кои на маалските средби тоа го посочија како …
Continue Reading
Општина Карпош: Ќе биде казнет секој локал што има поставено дополнителни маси и столици од тоа што им е исцртано во елаборатот за урбана опрема
Општина Карпош известува дека во наредниот период ќе се вршат засилени контроли од страна на сектор Инспекторат во попладневните и вечерните часови на урбаната опрема на територија на Општина Карпош. „Ве опоменуваме дека секој локал кој ќе има поставено дополнителни маси и столици од тоа што им е исцртано во елаборатот за урбана опрема, ќе бидат веднаш казнети и ќе …
Continue Reading