Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија, вели градоначалникот кој го повика Град Скопје да преземе мерки
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна биле преземени сите мерки за заштита. Инспекторите од Кисела Вода на терен констатирале протекување на хемикалии од вентил при дефект, кои се користеле за производството на стиропор во објектот во Пинтија. Ѓоргиевски вели дека елаборатот за заштита на животната средина …
Continue Reading
Хемикалии се излеаа од објект во Пинтија, надлежните на терен
Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес на компанијата. Град Скопје соопшти дека на лице место се екипи на ТППЕ Скопје со цел изолирање на инцидентот како и инспекторите од град Скопје …
Continue Reading
Општина Ѓорче Петров со јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти за 2025 година
Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година. Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје. Краен рок за …
Continue Reading
(Видео) Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокатот Панче Тошковски
Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со Миле Јанакиевски беше дел од тимот што го изготвуваа законот за легализација, изјави денеска градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски на прес конференција на која презентираше нови докази кои, како што рече тој, ја потврдуваат неговата невиност во осудителната пресуда. „Овие …
Continue Reading
Општина Кисела Вода спроведува акција за уредување на зеленилото
Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатата трева на јавните површини. Во акцијата се вклучени сите сезонски работници, кои со тримери темелно ја уредуваат зелената површина низ целата територија на општината. Од Општината информираат дека денес се работи на трим патеката, која поради убавото време интензивно се користи од граѓаните за рекреација и прошетки, како и на …
Continue Reading
Без вода денеска дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улицата Ванчо Мицков бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Continue Reading
Дел од општините Карпош и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат: · Во периодот од 09:00 – 12:00 часот улицата Иван Аговски зграда бр.10 влез1, општина Карпош; · Во периодот од 09:00 – 15:00 часот улицата Јабланица, улицата Саса, населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Continue Reading
Бесплатно собирање кабаст отпад во Ѓорче Петров
БЕСПЛАТНО СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ЃОРЧЕ! 📅 Од 14 до 21 мај – пролетна акција на Општина Ѓорче Петров за бесплатно собирање кабаст отпад, на 20 локации низ урбаните и руралните делови на општината. 🚮Секој жител ќе има можност бесплатно да го одложи својот кабаст отпад на однапред утврдени места. 📍 Фиксни локации со поставени контејнери: 1. Хром Пољана 2. …
Continue Reading
Украдени бистите на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски, спомен бистата на Кочо Рацин оштетена
Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето …
Continue Reading