Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 12.05. до 18.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила …

Continue Reading

Центар, Аеродром и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 06:00 до 08:00 часот, корисниците од ул.Максим Горки бр.20 и објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2 и објектите околу бизнис центарот, општина Центар; – Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај; – Во периодот од 08:30 до …

Continue Reading

Урбаните џентлмени возеа низ Скопје за машкото здравје

Стотици урбани моторџии облечени во костуми, палта, вратоврски и елегантни чевли денеска по десетти пат продефилираа низ улиците на Скопје во рамки на глобалната акција The Distinguished Gentleman’s Ride, посветена на подигање на свеста за машкото здравје и борбата против ракот на простатата. Со задолжителна кацига на глава и на класични мотори, учесниците беа дел од светско движење што годинава …

Continue Reading

Двојна прослава во Аеродром, одбележани два големи јубилеја

Општина Аеродром денеска одбележа два значајни јубилеја – 20 години од своето основање и 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Јане Сандански. Свеченоста се одржа во паркот кој го носи името на Сандански, каде што бројни граѓани од различни генерации, претставници на локалната власт, образовни институции и граѓански здруженија оддадоа почит пред неговиот споменик. Вршителот на должноста градоначалник на …

Continue Reading

„Прв до врв“ ќе затвори улици во Скопје, спортисти и рекреативци ќе итаат кон Водно

Денеска во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“, кој секоја година обединува љубители на велосипедизмот, планинарењето и природата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, стартот на велосипедската трка ќе биде во 09:45 часот пред Музејот на град Скопје, а маршрутата ќе …

Continue Reading

Посебен сообраќаен режим в недела поради трка во Скопје

В недела во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 09:45 часот. Траса на движење на велосипедската трка: почеток од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение …

Continue Reading

Градоначалничката Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад, реагира градоначалникот на Аеродром

Очигледно е дека кога ќе се соочи со критика, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад. Формалната игра со титули не ја менува реалната слика на терен, улиците се преполни со ѓубре, а јавните претпријатија се нефункционални, реагира в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. 2Ако Арсовска не е одговорна за …

Continue Reading

Герасимовски на средба со центарци: Реконструирани 20 улици, подобрени условите во сите основни училишта и градинки

Градоначалникот Горан Герасимовски, директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски и вработени од општина Центар, вчера се сретнаа со жители на Центар кај плочникот кај Агромеханика кадешто заеднички дискутираа за проектите што се имплементираат за развој на Центар и се отворија сите важни прашања – од собирањето на млади на игралиштата и нарушувањето на јавниот ред, сѐ до …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Дебарца“, каде се работи со засилена динамика. Во оваа фаза се врши гребење на старата и дотраена асфалтна подлога во должина од 240 метри, по што ќе следи поставување на нов асфалт. Завршена е и реконструкцијата на тротоарот со поставување нов бекатон, на површина од …

Continue Reading