Не се глупирајте, му порача Арсовска на Изет Меџити

Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти и не се глупирајте, му порача градоначалничката Данела Арсовска на вицепремиерот, Изет Меџити, кој претходно денес и’ најави кривична пријава. Меџити ја нарече Арсовска инструмент за остварување на планот на ДУИ за дестабилизација преку општините, на што градоначалничката реагираше преку Фејсбук статус попладнево. „Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата. Изет, единствена …

Continue Reading

Од 1 јуни ќе има венчавки во „Порта Македонија“

Постигнат е договор за користење на свечената сала во објектот Порта Македонија, со цел организирање на церемонии на венчавање и вршење на соодветните услуги за запишување на брак во матичните книги. Според договорот, Управата за водење на матични книги ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, …

Continue Reading

Арсовска да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ: Ганиу до градоначалничката на Град Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните услуги во Чаир, истакнувајќи дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии. „Ние сме во 21 век, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом за над 60 илјади граѓани кои заслужуваат основни услови за живот“, истакна тој. …

Continue Reading

Викендов прскање против комарци во Скопје

Регионалниот Центар за Управување со Кризи – Скопје известува дека на ден 31.05. и 01.06.2025 година ( сабота и недела) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во ист термин, велат …

Continue Reading

Герасимовски се подготвува за втор мандат: Имаме одличен план и програма

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат. „Изминатите три и пол години јас и мојот тим од Општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број на проекти коишто дел се во реализација, цел се завршени. Но, имаме одличен план и програма којашто се спрема за следниот мандат“, …

Continue Reading

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем

ЈП Водовод и Канализација – Скопје информира дека ќе реализира стратешка и технички сложена интервенција која претставува клучен чекор во насока на унапредување на водоснабдителниот систем на градот. „АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија со особена гордост ги следи активностите на своите членки кои, преку вакви комплексни и визионерски зафати, го подигнуваат квалитетот и сигурноста на …

Continue Reading

(Видео) Данела Арсовска: Висар Ганиу истурал ѓубре пред Град Скопје, кога му реков дека доаѓам „џом“ да го нема

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, истурил отпад пред бараките. „Господинот Висар Ганиу си собираше ѓубрето од дивоградбите и некои фотељи, па кога му кажав на Фејсбук дека не му е добар планот, се исплашил и дошол пред Град Скопје …

Continue Reading

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме, може да бидеме незадоволни од одредени нејзини постапки, меѓутоа овие активности кои таа во моментов ги презема не можеме како одговорни лица да не ги поддржиме – истакна првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. – Практично таа документирано и …

Continue Reading

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат криминал. Како што појаснува во напишаното, Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме. „Решението …

Continue Reading