За една недела „пајакот“ кренал 101 возило во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 02.06. до 08.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да …

Continue Reading

Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 150мм на улицата Самоилова бр.50 во Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Самоилова, улицата Јоаким Крчовски и улицата Банатска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со санирање на дефектот.

Continue Reading

Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош; – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.

Continue Reading

(Видео) Василевски: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја освои локалната власт. И По 4 години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените 4 нови градинки, рече денеска на прес-конференција Бојан Василевски, ОО СДСМ Аеродром. „Овиe градинки беа првиот од 7-те топ приоритети на Муцунски и Митески во програмата со кои ја освоија довербата на нашите сограѓани од Аеродром. …

Continue Reading

Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и грмежи. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека нема повредени лица. ЦУК преку бројот за итни повици 112 прими пријава за паднато дрво на ул. „Кочо Битолјанов“, од спротивната страна на „Алкалоид“, во близина на Скопска Пивара. Постои опасност …

Continue Reading

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде за тебе ДУИ побегуљо ќе појаснам уште еднаш. За тоа што бараш да постапувам во Сарај, е исто како да бараш да одам во Битола или Тетово, немаме таму за жал надлежност за дивоградби. Ќе …

Continue Reading

Ѓорѓиевски на Генералното собрание на ЗЕЛС: Постигнавме видлив напредок, ја зајакнавме улогата на општините

Денес се одржа последната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС во актуелниот состав, пред претстојните локални избори. На седницата, свое обраќање имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој направи осврт на сработеното во изминатиот период и упати благодарност до сите делегати за досегашната соработка. Во своето излагање, посочи дека изминатата година беше особено продуктивна. Како клучни постигнувања ги истакна потпишувањето …

Continue Reading

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Шалтерите утре нема да работат

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 06.06.2025 година (петок), по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. „Во сабота, 07.06.2025 година, се продолжува со редовно работно време од 09:00-14:00 часот“, се нагласува во информацијата.

Continue Reading

Ѓорѓиевски на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина: „Заедно создаваме одржлива иднина“

Градоначалникот на oпштина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, денес присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на животната средина. Настанот се одржа под мотото „Заедно создаваме одржлива иднина“ и опфати низа активности насочени кон унапредување на одржливите политики и практики во заштитата на животната средина. „Денес, на покана на првиот …

Continue Reading