(Видео) Герасимовски на советничката листа ќе стави претставник од граѓанските организации, побара тие да предложат име

Градоначалникот Горан Герасимовски, на средбата со претставници од граѓанските организации, побара од нив да предложат кандидат за советник кој ќе ги застапува нивните права и интереси во идниот општински совет. „Одиме чекор напред, од вас, но и од други групи на граѓани да побараме предлози за да направиме една советничка листа којашто нема да биде само партиска, туку ќе биде …

Continue Reading

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје. На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.

Continue Reading

Професорот Горан Марковски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје

Професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, ќе биде независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, соопшти Граѓанската платформа „Независни заедно“. „Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од платформата. Кандидатурата на професорот е поддржана од граѓанската платформа „Независни“ заедно, составена …

Continue Reading

Герасимовски: Поставени шест куќи засолништа за бездомни животни во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“, соопштија од општината. Проектот, како што велат, има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори. Градоначалникот …

Continue Reading

Бесплатни униформи, ранци и прибор за учениците, во тек е целосна дезинфекција на училиштата во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работен состанок со директорите на сите општински основни училишта по повод започнувањето на новата учебна година. На состанокот се разгледуваа финалните подготовки за првиот училишен ден. Во сите училишта во тек се активности за темелно чистење, а во наредните денови ќе се спроведе и задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, со цел обезбедување …

Continue Reading

Герасимовски: Во тек се обуки за наставниот кадар за развивање на вредносниот систем и моралните норми кај младите генерации

Од денеска, па сѐ до среда, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржува серија обуки на тема „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека обуките се наменети за директорите на основните и средните училишта, еден стручен соработник од секое училиште, како и избрани наставници кои активно …

Continue Reading

Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат: · од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром; · од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до …

Continue Reading

Османи: Чаир ќе стане центар на технологија, култура и младински идеи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на средба со младите од општината ја претстави својата визија за „Новиот Чаир“, посветена на урбана преродба и создавање општина на иднината. „Не можете да дизајнирате визија за Чаир без да ги вклучите младите кои сочинуваат речиси половина од населението. Тие се нашата најголема сила и највреден капитал“, истакна Османи. Во рамки на …

Continue Reading

Дел од Кеј 13-ти Ноември останува без водоснабдување

Поради дефект на водоводна цевка, дел од корисниците на Кеј 13-ти Ноември, од хотел „Холидеј ин“ до Камениот мост, ќе останат без вода од 13:00 часот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека траат работните активности за отстранување на дефектот. Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за трпение и разбирање додека трае интервенцијата.

Continue Reading