Герасимовски: Исчистивме и измивме околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало, продолжуваме низ цел Центар
Општина Центар изутринава започна со интензивна акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за центарци. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на живот, а приоритет на општината …
Continue Reading
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје
Градот Скопје известува дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме …
Continue Reading
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Continue Reading
Орце Ѓорѓиевски на кафе со Влатко Стефановски: Ќе го направиме Скопје културно катче достојно за иднината
Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се советува со гитаристот Влатко Стефановски околу програмата за поубаво Скопје. Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ објави детали. „Огромна е честа да испијам пријателско кафе со инспиративен разговор со маестро Влатко Стефановски – музичар од светски калибар и гордост на Македонија, заедно со идниот градоначалник на Карпош, Сотир …
Continue Reading
Јавна расправа за ГУП за Гази Баба и Шуто Оризари, граѓаните може да дадат свое мислење
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира jавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Гази Баба и на Општина Шуто Оризари ќе се одржи …
Continue Reading
Реконструиран локалниот пат Бујковци – Мршевци
Општина Илинден изврши комплетна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Бујковци и Мршевци, во должина од 1.100 метри. Во рамки на проектните активности на терен се изврши целосно санирање на постоечката асфалтна површина со поставување на нов асфалтен слој, извести Општината. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во градежните активности и нагласи дека после многу …
Continue Reading
Привршува реновирањето на училиштата во Аеродром пред почетокот на учебната година
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, утрово ги посети основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Блаже Конески“, „Љубен Лапе“ и „Александар Македонски“, кои ги завршуваат последните подготовки пред почетокот на новата учебна година. Во ОУ „Браќа Миладиновци“ летово беше реновирана училишната спортска сала, која ќе овозможи подобри услови за спортските активности на учениците. Во основното училиште „Блаже Конески“ се молерисуваат …
Continue Reading
(Фото) Герасимовски: Реконструкцијата на ,,11 Октомври“ е во полн ек, учениците почнуваат со настава во подобри услови
Општина Центар ја реализира реконструкцијата на Основното општинско училиште „11 Октомври“ во населбата Пролет, како дел од континуираните заложби за унапредување на условите во сите училишни објекти на територијата на општината. Градоначалникот Горан Герасимовски изврши увид на терен и лично се информираше за текот на работите и динамиката на реализација на градежните зафати. „Летниот период го користиме за подобрување на …
Continue Reading
Централниот парк во Ѓорче Петров доби нов изглед!
-
Mark
-
August 18, 2025
-
Македонија, Општини, Скопје
-
0 Comments
✨ Централниот парк во Ѓорче Петров доби нов изглед! 🌳 Целосно се обновени 7️⃣0️⃣ клупи – со нови дрвени даски и освежени рамки. Со ова, паркот стана уште поубаво и пријатно место за одмор, дружење и рекреација на сите генерации. Денес при обиколката низ паркот се сретнавме со бројни сограѓани кои со насмевка го поздравија уредувањето – најголемата …
Continue Reading