Градинките во Аеродром добија прочистувачи за воздух

Општина Аеродром направи значаен чекор кон побезбедна и поздрава средина за децата во детските градинки на нејзината територија, поставувајќи прочистувачи на воздух со највисоки стандарди. Станува збор за висококвалитетни прочистувачи кои користат Х14 ХЕПА филтри што задржуваат над 99.995% од вирусите, бактериите и други микроорганизми, обезбедувајќи квалитет на воздух споредлив со стерилни простории, поставени во градинките „Срничка“, „Калинка“, „Црвенкапа“, „Лале“, …

Continue Reading

Никоски: Новата градинка во Потстаница, Драчево, значи подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата

Како напредуваат градежните работи за новата градинка во Потстаница, Драчево, на лице место излезе да провери и директорот на Управата за заштита на животната средина и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Никоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Кисела Вода,Орце Ѓорѓиевски. „Oвој објект e со вкупна површина од 300 квадратни метри …

Continue Reading

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари, поради сума од 3.600.000 денари, односно над 58.000 евра. „Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист …

Continue Reading

Општина Карпош до премиерот: Мицкоски да го едуцира својот кандидат за градоначалник за начините на водење на кампања

„Општина Карпош го замолува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да го посоветува неговиот личен кандидат за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој има упатено писмо до секоја фирма поединечно, за средби на кои ќе се разговара за бизнис климата кај бизнис заедницата“, велат од Општина Карпош. „Убаво би било господинот Мицкоски да му објасни на својот кандидат, неколку работи. …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Интензивно се работи на изградба на нова детска градинка во Кисела Вода, со сместувачки капацитет за 70 дечиња

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во увид на градежни активности на нова детска градинка во Драчево. „За неколку недели од денеска овој објект ќе биде целосно функционален и во годините коишто следат би требало да биде дом на отприлика 70-тина дечиња. И во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи“, кажа Мицкоски. „Наследивме, би рекол, една прилично хаотична …

Continue Reading

Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 09:10 часот во СВР Скопје, 75-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека на 19.09.2025 околу 21:00 часот настанал пожар во нејзината куќа на подрачјето на Гази Баба. М.Д. го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото.

Continue Reading

(Фото) Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ и за првпат продолжен престој за учениците од прво до трето одделение

Во насока на обезбедување поквалитетни услови за настава и успешен почеток на новата учебна година, во основното општинско училиште „Ристо Крле“ изминатиов период се реализираа низа активности за унапредување на воспитно-образовниот процес, извести општината Илинден. Со почеток на новата учебна година, освен во ООУ „Гоце Делчев“, продолжен престој за учениците од прво до трето одделение за првпат се воведува и …

Continue Reading

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица.

Continue Reading

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива фотоволтаични панели, инвестираме во зелена енергија

Општина Центар и годинава вложува во модернизација на училишната инфраструктура, за децата новата учебна година да ја започнат во современи и безбедни услови. Градоначалникот Горан Герасимовски, го посети Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде што треба да започнат тековните подготовки за поставување на фотоволтаични панели. Со нивното инсталирање, училиштето ќе направи значителен чекор кон користење на обновливи извори …

Continue Reading