Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка за Лабудовиќ во Центар

Кандидатот за градоначаланик на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ доби јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела во вториот круг на изборите. Лабудовиќ денеска на неформална кафе-средба со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во Капиштец, заеднички констатираа дека на Центар и на Скопје им е потребна промена – нов ветар …

Continue Reading

Трајановски: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари се визијата за современ Аеродром

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ,  Александар Трајановски, ја претстави својата визија за уредување на јавниот простор и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните. „Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се …

Continue Reading

Синдикатот на „Паркови и зеленило“ ги покани кандидатите за градоначалници на прес-конференција барајќи подобри услови за работење

Независниот синдикат на паркови и зеленило најави дека утре, 27 октомври, ќе одржи прес-конференција пред пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“ во Автокоманда. Пресот го организира Градскиот независен синдикат на паркови и зеленило, кој функционира во рамките на Независниот синдикат на државна администрација. Од синдикатот велат дека ќе се зборува за условите за работа и состојбите на конкретното работно место, …

Continue Reading

Герасимовски вели дека поддршката од центарци се зголемува: „Работевме домаќински, не потрошивме ниту денар на непродуктивни трошоци“

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години. Герасимовски, на центарци …

Continue Reading

Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници. „Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти …

Continue Reading

Ивановска не повика за кого да се гласа во вториот круг во Центар: „Секој гласач има здрав разум и одговорност“

Кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, која ја заврши трката во првиот изборен круг третопласирана, со освоени 4.465 гласа, не ги упати нејзините поддржувачи кого да поддржат во вториот изборен круг, бидејќи, како што рече, секој гласач си е здраворазумен, има право да гласа и има одговорност кому ќе го даде својот глас. „Кој и да победи, важно …

Continue Reading

Лабудовиќ: Со Билјана Ивановска имаме иста визија за Центар, верувам во поодршка од нејзините гласачи

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ е убеден дека мнозинството од граѓаните на Центар ќе му ја дадат довербата на 2 ноември да ја води општината во следниот четиригодишен мандат. „Центарци сакаат промена, центарци не сакаат сликата што ја гледаат сега да им се повторува и во следните години. Затоа верувам дека мнозинството од 68 отсто гласачи кои во …

Continue Reading

Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може да се стави ред во урбанизмот, спречувајќи прекумерно градење. Тој најави формирање експертски урбанистички тим кој ќе работи на растеретување на централното градско подрачје и насочување на развојот кон периферијата. „Ќе формирам урбанистички тим од врвни експерти кој ќе помогне …

Continue Reading

Мицкоски: Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември 2025 година. Мицкоски се осврна на темата за локалните избори, од кои првиот круг беше одржан на 19 октомври годинава, а ВМРО-ДПМНЕ имаше победа во 33 општини. Според него, ова е историски …

Continue Reading