Скопје станува центар на современата кардиологија – започнува Регионалната школа за срцева слабост

Утре во Скопје започнува Регионалната школа за срцева слабост, настан од исклучителна важност на кој свое предавање ќе имаат 22 врвни професори кардиолози од цела Европа, а ќе обедини повеќе од 150 доктори и специјалисти по кардиологија. Овој уникатен собир претставува точка на средба на најеминентните имиња од светската и регионалната медицинска кардиолошка пракса кои ќе ја пренесат својата експертиза …

Continue Reading

Герасимовски: Општина Центар обезбеди дополнителна механизација за чистење на улиците и сметот

„Центар веќе подолго време се соочува со хаос во хигиената поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“ кое е под надлежност на Град Скопје. Илјадници граѓани секојдневно сведочат на преполни контејнери и нечисти улици, иако одржувањето на јавната чистота е законска обврска на градските институции“, велат од Општината. „Во вакви услови, Општина Центар со сопствени капацитети и преку локалното јавно претпријатие …

Continue Reading

(Видео) Герасимовски: „Комунална хигиена“ оставиле контејнери на сред булевар, целиот смет околу контејнерите не го собрале

Градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските хигиеничари и синоќа го чистеа сметот од центарските улици кадешто надлежност има ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Повторно, тој и хигиеничарите ја завршија работата на градската власт која очигледно има кренато раце од хигиената во градот, велат од општина Центар. Герасимовски, истакнува дека дел од контејнерите вчера биле исчистени од ЈП „Комунална хигиена“, …

Continue Reading

Граѓаните плаќаат за чиста средина, а не за депонии и ѓубришта: Митески најави кривична против ЈП „Комунална хигиена“доколку не реагира за отпадот

Комуналните служби на Општина Аеродром само денеска собраа над 10 тони отпад (50м3) кои завршија во „Дрисла“, соопшти в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „Ова не е еднократна акција – ова е наша секојдневна работа. Нашите општински служби се на терен, додека Градското комунално претпријатие кое треба да ја изврши оваа работа, е неажурно и немо. Доста е“. Граѓаните, …

Continue Reading

Мицкоски: Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. „Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште. Ветуваме реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за …

Continue Reading

Кирков алармира: Туберкулоза во Зоолошката градина во Скопје

Советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, преку објава на социјалните мрежи предупреди на сериозна состојба во Зоолошката градина во Скопје, наведувајќи дека причина за смртта на неколку животни е туберкулоза. Кирков посочи дека во изминатиот период починале ламите и младо мајмунче од видот гибон, кај кои е потврдена туберкулоза, а последно и европскиот бизон, за кој …

Continue Reading

Марјан Димитриев кандидат за градоначалник на општина Аеродром од Левицата

Марјан Димитриев е кандидат за градоначалник на Општина Аеродром од Левица. Носител на советничката листа е Дејан Ристовски. „Со ова официјално влегуваме во изборната трка со јасна визија: Аеродром да стане место каде што интересот на граѓаните ќе биде пред личните и партиските привилегии. Нашиот тим, составен од луѓе со интегритет и волја за промени, е подготвен да работи посветено за: …

Continue Reading

Утре и задутре пулмолози ќе проверуваат колку им се оштетени белите дробови на жителите на Трубарево и околината

Два тима од Клиниката за пулмологија и алергологија утре и задутре ќе ги посетат жителите на Трубарево и околните места за скрининг на белите дробови по големиот пожар во фабриката за рециклирање пластика и електронски отпад. Министерот за здравство Азир Алиу денес ги повика жителите да се пријават на скринингот. „Министерството за здравство заедно со Клиниката за пулмологија, на 24 …

Continue Reading

„Стоп за Вардариште“ тврди: Протестите не се под партиско влијание

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ категорично ги демантира тврдењата дека протестите се организирани под влијание на политички партии или организации. „Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска и независна, за здрав воздух и здрава животна средина. Протестите ги организираме единствено ние – граѓаните, и никому не дозволуваме да ја злоупотреби нашата борба за партиски или лични цели,“ стои во реакцијата. Од иницијативата …

Continue Reading