Денеска без вода дел од општината Гази Баба

Поради промена на затворач и надземен хидрант на улицата Коце Металец бб (последна 16-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Коце Металец, Зеничка, Тајмишка, дел од улицата Филип Филиповиќ и дел од улицата Гемиџиска (општина Гази Баба). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, известуваат од ЈП Водовод и канализација.

Continue Reading

(Видео) Скопјани по 30 години чекање ќе го добијат целосно завршен, модерен и безбеден булеварот „Борис Трајковски“, најави Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. – За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор …

Continue Reading

Утре без вода неколку скопски улици

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре, 17.10.2026 година ( сабота ) поради промена на затворач ф-100 на ул. Миладин Поповиќ 15, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Миладин Поповиќ и дел од следните улици: Орце Николов, Бул.Илинден, Никола Тесла и Мирка Гинова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Дали храната и суплементите што се рекламираат на интернет се безбедни? Дискусија во Кисела Вода

Денес во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода, по повод Светскиот ден на храната, се одржа едукативна панел-дискусија на тема „Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхраната и храна за спортисти – вистинска приказна или заблуда?“. Настанот, кој на едно место ги собра претставниците од Општина Кисела Вода, Агенцијата за храна …

Continue Reading

Скопје со нов лик: Се обновуваат градските симболи, парковите и комуналната инфраструктура

По долг период во кој запуштените јавни површини, недоволната комунална хигиена и нарушениот изглед на дел од најпрепознатливите градски симболи беа постојан предизвик, Скопје влегува во фаза на активности насочени кон обновување на градскиот простор. Чистењето на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, реконструкцијата на паркот „Жена борец“, набавката на нови контејнери и најавената обнова на Скопското Кале отвораат прашање што …

Continue Reading

Пуштено е во употреба реновираното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

По 50 години откако е изградено, денеска беше пуштено во употреба реновираното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населба Ченто. На отворањешто присуствуваше и премиерот, Христијан Мицкоски. „Ова се моменти кога сето она што го почнувате гледате како има форма и суштина. И навистина за мене претставува задоволство да заедно со градоначалникот, со министерката, со пратениците, со граѓаните, советниците на Општина Гази …

Continue Reading

(Фото) Стаменкоска Трајкоска на терен во Црниче: Директниот разговор со граѓаните носи најдобри решенија

Во рамките на континуираниот циклус теренски посети низ сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со раководителите на секторите од општинската администрација, оствари работна средба со жителите на урбаната заедница Црниче. На средбата беше направен пресек на досегашните инфраструктурни зафати. Присутните упатија благодарност за реконструкцијата на скалите кои водат од улицата „Црниче“ кон …

Continue Reading

(Фото) Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север

Општина Бутел извести дека продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север. „Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата Костурска. Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север. Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација …

Continue Reading

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Скопје ќе добие современ Луна парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година, информираат од Град Скопје. …

Continue Reading