Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците на домаќинствата што не се греат на градското парно. Рече дека тоа е добра и сериозна мерка, за која, пак, минатата недела зборуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Тој најави дека сака со бесплатни филтри за оџаците на домаќинствата да ги …
Continue Reading
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром) – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Continue Reading
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8 – ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош) Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Continue Reading
Од утре промена на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање на ЈП Градски паркинг- Скопје
Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје соопшти дека од 1.10.2024 (среда) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието. Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде: – Од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот, – Сабота: од 07:00-14:00 часот. На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува …
Continue Reading
Бесплатен оброк за сите ученици, најави Герасимовски
Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија, најави кандидатот за градоначалник на Центар и воедно актуелен градоначалник на општината, Горан Герасимовски, …
Continue Reading
Герасимовски го отвори штабот во Дебар Маало: Реализиравме над 90% од програмата, одиме на победа
Синоќа во Дебар Маало беше отворен централниот промотивен штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски. Настанот го посетија голем број граѓани и поддржувачи кои со своето присуство ја потврдија довербата и поддршката за неговата кандидатура за втор мандат. Во своето обраќање пред присутните, Герасимовски истакна дека ќе продолжи да работи посветено за Општина …
Continue Reading
На 4 октомври, Бела ноќ во Скопје
Универзална сала и Град Скопје ја најавија 21. изведба на културната манифестација „Бела ноќ“, која ќе се одржи во сабота, на 4 октомври 2025 година. Целиот град ќе се претвори во уметничка сцена преку концерти, изложби, литературни читања, мултимедијални изведби и перформанси отворени за сите граѓани и посетители. Во програмата се вклучени бројни локации: Сули Ан (20:00 ч.) – мултимедијални …
Continue Reading
Герасимовски: Кампањата ја стартуваме со садење дрвја, како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар
Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за Центар. Герасимовски, потенцираше дека во …
Continue Reading
Костовски: Градиме модерен затворен пливачки базен во Радишани
Радишани добива нов модерен затворен базен, во вредност од 80 милиони денари, извести градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Како што соопшти градоначалникот, предност во користење на овој базен ќе имаат учениците од ОУ „Ацо Шопов“, но генерално ќе можат да го користат сите ученици, а и граѓаните во подоцнежните часови. Тој најави и уште еден нов затворен базен во населеното …
Continue Reading