Во Центар се одржа Фестивал на симит и погача по повод Денот на ослободување на Скопје
По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, Општина Центар го организираше „Фестивалот на симит и погача во срцето на Скопје“ пред муралот на Горан Стефановски, во Дебар Маало. Посетителите имаа можност да дегустираат скопска симит-погача и други домашни специјалитети, подготвени од Активот на жени пензионерки од Центар. Во богатата програма учествуваа пензионери од Здружението на пензионери на …
Continue Reading
Лукровски го доби уверението за градоначалник на Општина Карпош
Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа. Градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што им …
Continue Reading
Реконструирана главната улица 21 во Расадник, обезбедени и нови паркинг места
Главната улица 21 во населеното место Расадник е целосно реконструирана. Денес, градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во активностите на терен, при што беше потврдено дека е обновена делница долга 450 метри и дека се обезбедени дополнителни паркинг места, со што е исполнето барањето на жителите од овој дел на општината. Од Општина Бутел информираат дека наскоро ќе започне реконструкција и …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. „На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по …
Continue Reading
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Continue Reading
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден; · во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина …
Continue Reading
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода. „Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување …
Continue Reading
Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата кои земале плата а не оделе на работа, но и оние кои им потпишувале плата
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за незаконитости во работењето на повеќе јавни претпријатија. Ѓорѓиевски претходно објави дека се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи. „Имавме тематска средба со претставници на финансиската …
Continue Reading
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен …
Continue Reading