(Видео) „Дали под превезот на спортски објект во Аеродром се спрема зграда со апартмани“, прашуваат од СДСМ Аеродром

„Наместо да одговори на јавно поставените прашања за распродажба на градежно земјиште по багателни почетни 2.000 денари за метар квадратен, Општина Аеродром со дефокусирање и спинови се обидува да ја изврти реалноста. Јавноста не доби одговор дали позади оваа зделка стојат директно Министерот за Транспорт Александар Николовски и Министерот за Спорт Борко Ристовски?“, вели Марко Даниловски, советник од СДСМ во …

Continue Reading

Пуштена е во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на новата спортска сала во Општина Кисела Вода, оценувајќи дека станува збор за еден од најсовремените објекти од ваков тип во државата. Како што рече, салата е со капацитет од околу 1.000 гледачи и нуди услови кои се споредливи со европските спортски стандарди. „Условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков …

Continue Reading

Градоначалникот Александар Георгиевски им додели признанија на најуспешните ученици од општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области. На приемот, градоначалникот им упати искрени честитки на наградените ученици и на нивните ментори за вложениот труд, посветеност и остварените успеси, нагласувајќи дека нивните достигнувања претставуваат гордост за …

Continue Reading

Еднократна помош за семејствата на загинатите карпошани кај скопската обиколница

Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец. Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош …

Continue Reading

(Фото) „Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата

Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација. Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona …

Continue Reading

Општина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот

Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје. На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат …

Continue Reading

На прием кај градоначалникот Сарамандов претставени успесите во футсал и фудбал на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија на „Гимназијада 2026“

Во знак на признание за постигнатиот успех, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, реализираше средба со учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и нивниот ментор Никола Караколев, кои го освоија првото место во футсал на „Гимназијада 2026“ во Струмица и се закитија со титулата државни шампиони. Учениците од гевгелиската гимназија го освоија златниот медал во футсал и ја понесоа титулата …

Continue Reading

Изгаснат пожарот во Штип

Пожарот што вчера попладне избувна на ридовите кај викенд-населбата Плуждино, над градските гробишта во Штип, е целосно локализиран, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Оттаму посочуваат дека во гаснењето не биле ангажирани авиони, бидејќи за тоа немало потреба. Пожарот во текот на ноќта почна да се шири кон населбите Кадидере и Ридарска Чешма во штипско Ново Село, како …

Continue Reading

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во Охрид. Потресот се случил во 5 часот и 36 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот потекнува од подрачјето Пештани-Охрид-Струга. Земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга.

Continue Reading