Студенти на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ имаа изложба во галеријата „Безистен“

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) традиционално ја одржа изложбата на студентите на уметност. Петар Намичев декан на Академијата за ликовна уметност при УГД-Штип вели дека освен студентите од Ликовната академија, во изложбата учествува и студенти од Факултетот за природни и технички науки, Институтот за архитектура и дизајн – проектирање на мебел и ентериер и Техничко-технолошкиот факултет со Катедрата за дизајн на текстил. Од секој факултет се вклучени по педесетина студенти.







-Секако ова е една традиција во презентирање на сите трудови, може да се каже посолидни трудови, иако не можеме сите да ги презентираме коишто може да бидат презентирани на оваа изложба поради лимитираниот простор, сепак направивме еден пресек каде што може студентите и целата јавност да погледне со какви проекти се работи и сите оние заинтересирани потенцијални студенти може да согледаат поблиску какви се тие методи на работа, принципот на работа и крајните резултати може да се сретнат за време на студирањето, вели Намичев.

Изложени беа трудови од уметноста, класичното сликарство и вајарството, дизајнирање и проектирање на мебел и ентериер и модата, односно технологијата на текстилот. Преку делата се изрази она што е креативно. Воедно, средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Безистенот го одржа и Меѓународниот натпревар, па уметничката галерија беше место кое на присутните им понуди еден мултимедијален пристап.

-Ние уште еднаш, денеска имаме и Меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов“, па мислам дека и со оваа изложба успеавме да ја претставиме уметничката галерија „Безистен“ како едно место каде што, навистина, ја развиваме културата во градот. Во наредните десетина дена ги повикувам сите студенти, сите ученици коишто се љубители на оваа уметност да дојдат и да ја посетат уметничката галерија „Безистен“, вели Митко Штерјов, директор на  Заводот за заштита на споменици  и Музеј на град Штип.

Штерјов најави в четврток со отворен ден ќе се одбележи и Меѓународниот ден на музеите. Бесплатно ќе може да се посети музејот, но и изложбата којашто ќе биде организирана. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK