На 28 мај ќе се одржи 36. издание на Фолк фест „Валандово“

Триесет и шестото издание на Фолк фест „Валандово“ ќе се одржи на 28 – ми овој месец во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на фестивалската сцена ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни. Ова беше соопштено на денешната прес конференција што се одржа во Валандово, на која беа споделени информациите за Фестивалот и за тоа до каде се подготовките за …

Continue Reading

Штип воведува паркинг хуманитарна зона во централното градско подрачје

Општина Штип и ЈП „Стипион“ се вклучуваат во хуманитарна акција за зонско паркирање. Ова значи дека парите од наплатата на 131 паркинг места на неколку локации во централното градско подрачје ќе одат за хуманитарни цели и ќе се плаќаат 30 денари првиот и секој нареден час. Сања Судиклиева-Мијалкова, вработена во Општина Штип на денешната седница на Советот на Општина Штип …

Continue Reading

Опрема од дидактички едукативен материјал и спортски реквизити за децата со посебни потреби од Кавадарци

Опрема од дидактички едукативен материјал и спортски реквизити се обезбедени за децата со посебни потреби од Кавадарци, информираа денеска од кавадаречкиот Црвен крст. – Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска Организација Кавадарци, во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби”, финансиски поддржан од Комерцијална банка, ги опреми дневниот центар и посебните паралелки за …

Continue Reading

Со бесплатни прегледи и едукација во Охрид одбележан Светскиот ден на хипертензијата

Медицински екипи на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид денеска на Градскиот плоштад вршеа бесплатни ЕКГ-прегледи, мерење крвен притисок и раздаваа едукативен материјал на граѓани, сето во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на хипертензијата 17 мај. Настанот е органзиран во насока на подигање на свесноста кај граѓаните на Охрид за важноста од контролата на крвниот притисок како …

Continue Reading

Четири милиони и деветстотини илјади денари за невладиниот сектор во Кавадарци во 2023 година

Четири милиони и деветстотини илјади денари се издвоени од општинскиот буџет за невладиниот сектор во Кавадарци во 2023 година. Договорите за реализирање на проекти, денеска беа потпишани од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и претставници на невладините организации. За мото фест во чест на 12 Ваташки младинци и јакнење на доброволно противпожарно ,,Сашко Гешовски” по 180 илјади денари, одлучи комисијата на …

Continue Reading

Пенов: Советот на Општина Битола треба да продолжи да функционира

Советот на Општина Битола да продолжи со работа, е пораката од министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој денеска беше во работна посета на Битола, а по повод несогласувањата во општинскиот Совет и прекинот на последната седница. -Последната седница на Советот на Општина Битола е неправилно прекината, точките што се изгласани до прекинот на седницата не се потпишани и тоа …

Continue Reading

Министерот Пенов во посета на ТППЕ-Битола

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во придружба на градоначалниците на Битола и на Прилеп,Тони Коњановски и Борче Јовчесски, денеска ја посети Територијалната против пожарна единица-ТППЕ-Битола каде беше реализирано примопредавање на опрема за противпожарните единици во Пелагониски плански регион. Промотивниот настан се одржа во рамки на проектот „Прекугранично спречување и менаџирање со поплави и шумски пожари – SOLVE”, со кој …

Continue Reading

Едукативна презентација „Читањето е супер моќ“ во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, денеска се одржа едукативната презентација „Читањето е супер моќ“, во рамките на кампањата за поттикнување читачки навики кај децата, а ја поддржаа Филозофскиот факултет при УКИМ и Здружението за дислексија „Ајнштајн“. На настанот беа понудени конкретни стратегии, алатки и методи за поттикнување на читањето во насока на поддршка …

Continue Reading

Во Делчево презентиран проектот ,,Заедно за здравје”

Во Делчево презентирани активностите од проектот „Заедно за здравје” (United Wellnes Project) креиран од страна на Здружение на Лекари Специјализанти – ЗЛС. За таа цел во просториите на гимназијата „Методи Митевски – Брицо” се одржа работилница за здрава храна и здрави животни навики, на која учество зедоа средношколци и професориод гимназијата. Главна цел на проектот како што истакнаа организаторите е …

Continue Reading