Опрема од дидактички едукативен материјал и спортски реквизити за децата со посебни потреби од Кавадарци

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опрема од дидактички едукативен материјал и спортски реквизити се обезбедени за децата со посебни потреби од Кавадарци, информираа денеска од кавадаречкиот Црвен крст.







– Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска Организација Кавадарци, во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби”, финансиски поддржан од Комерцијална банка, ги опреми дневниот центар и посебните паралелки за деца со посебни потреби од Кавадарци, со дидактички едукативни и спортски реквизити, појаснија од Црвениот крст.

Оттаму нагласија дека околу 35 деца ќе имаат можност да ги развиваат и надоградуваат своите способности, со помош на овие реквизити, низ игра и забава, заедно со волонтерите на Црвениот крст.

Целта е, како што рекоа, развој на фината моторика, когнитивни способности, развој на одредени карактеристики, како истрајност, трпеливост, друштвеност, колективност и развој на натпреварувачки дух.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK