Четири милиони и деветстотини илјади денари за невладиниот сектор во Кавадарци во 2023 година

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири милиони и деветстотини илјади денари се издвоени од општинскиот буџет за невладиниот сектор во Кавадарци во 2023 година. Договорите за реализирање на проекти, денеска беа потпишани од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и претставници на невладините организации.







За мото фест во чест на 12 Ваташки младинци и јакнење на доброволно противпожарно ,,Сашко Гешовски” по 180 илјади денари, одлучи комисијата на општината Кавадарци, за распределба на финансиски средства за проекти по приоритетни области. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, донесе решение за распределба на финансиски средства по јавниот повик за прибирање на предлог проекти по приоритетни области. Финансиските средства се распределени на повеќе граѓански организации.

– Распределбата е согласно насоките за подносителите на апликации по јавниот повик, прибирање на предлог проекти по приоритетни области, родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иницијативи и вработување, социјална инклузија, заштита и спасување на животна средина, грижа за животните од програмата G1, појаснија од кавадаречката локална самоуправа.

За музеј на џоломарите се издвоени 150 илјади, а за поддршка на деца со јазично – говорни потешкотии, 135 илјади денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK