Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром
Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром. Ова градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски го потенцираше при посетата на основното училиште „Блаже Конески“ во чии рамки беше промовирана нова опрема со која се овозможува технички унапреден и дигитализиран образовен процес во основното училиште „Блаже Конески“ Станува збор за набавка на опрема која вклучува 4 нови …
Continue Reading
Пецаков: Ќе го издржам оркестрираниот и синхронизиран напад од СДС и Левица
„Соработката по однос на координираните напади против мене на Левица и СДСМ на денешното гласање за нов спикер собрание, добија на интензитет! Така уличарот, шарениот револуционер, соработникот на Катица, катализатор на носењето на власт на платформата „живот за сите“ и естраден уметник Апасиев, рецитирал поезија за Таљат и Јован и ме спомнал мене“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. „Е …
Continue Reading
Во Кичево, стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во Кичево е надминат прагот на алармирање од загадувачки супстанции во амбиентниот воздух. „Согласно уредба за изменување и дополнување на уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни …
Continue Reading
Најголемата инвестиција на Лидл во земјава: Со вкупно 80 милиони евра Лидл ќе отвори повеќе од 150 работни места
(24.01.2024 година) – Лидл денеска ја претстави својата најголема инвестиција во Северна Македонија, логистичкиот центар во близина на Куманово. Ова досега е највредна инвестиција на Лидл во земјава со вкупна вредност од 80 милиони евра, којашто ќе отвори повеќе од 150 работни места. Според планот на компанијата изградбата на логистичкиот центар да започне во следниот период, додека во моментов се …
Continue Reading
(Видео) Шутаров: Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје
Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје. ЈСП го доведе на раб на функционалност, да нема автобуси, граѓаните да не можат да стигнат никаде навреме а вработените да не може да земат плата. Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство и е власт, на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, …
Continue Reading
Од утре почнува делењето на 100 купони за бесплатна мамографија од страна на општина Гостивар
Општина Гостивар од утре, 23 јануари, почнува со делење на 100 купони за бесплатна мамографија и преглед за сите жени и девојки. Приоритет имаат жените и девојките кои имаат претходна дијагноза на рак на дојка и имаат потреба од мамографија, како и сите оние на кои им е потребна превентивна контрола. Земањето на купоните може да се врши секој работен ден …
Continue Reading
Кисела Вода обезбеди униформи за сите 5460 ученици
Општина Кисела Вода започна со достава на униформите за учениците од основните училишта на своја територија. Сите 5460 основци од прво до деветто одделение, бесплатно добиваат униформа која има унифицирана боја за секое од осумте училишта. „Денес, на првиот ден од второто полугодие, започнавме да ги доставуваме бесплатните униформи до сите наши ученици, во сите основни училишта на територија на …
Continue Reading
Пецаков: Власта покажува тотално непознавање на законите- година и пол го малтретираат Охрид за изградбата на катна гаража која е јавен интерес
Власта покажува тотално непознавање за изградбата на катна гаража, вели охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков. „Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство. За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене …
Continue Reading
„Дали градоначалникот на општина Кочани со незаконска одлука го прикривал криминалот на својот роднина“, прашуваат од партијата Левица
„Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, веќе има кривична пријава во врска со назначувањето на С.З за директор на СОУ „Гошо Викентиев“, односно неразрешувањето на истиот, откако тој во рок од една година по изборот не го положил директорскиот испит. Станува збор за лице кое е во роднинска врска со Папазов“, велат од партијата Левица. „Деновиве кривична пријава е поднесена …
Continue Reading