Уставниот суд ја укина одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово
Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката за суспензија од примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. „Б.С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул.„Прва петолетка“ и ул.„Миле Кипра“- Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3.24ха, со технички број …
Continue Reading
Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи
„Активистите на Левица во Охрид поставија табла на нелегалниот објект на бизнисменот од ДУИ, Нефи Усеини. Оваа герила акција го симболизира молкот на институциите на локално и централно ниво пред дивеењето на Усеини. Со уништувањето на овој културен објект во Охрид, кој ја симболизира антифашистичката борба, се потврди немоќта на СДС и ДПМНЕ пред насилието на ДУИ“, велат од Левица. …
Continue Reading
Општина Аеродром дел од женската трка за поддршка на жените со мултиплекс склероза
Вкупно 25 вработени во администрацијата на Општина Аеродром земаа учество на женската трка што се одржа на Светскиот ден на здравјето, 7 април, а со цел подигнување на јавната свест за мултиплекс склероза и предизвиците што ги носи оваа хронична болест, известува општината. Трката беше во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултиплекс склероза во …
Continue Reading
Герасимовски: Расчистена е дивата депонија во Капиштец, карши Католичка црква
Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре. „Ваквите депонии мора да бидат …
Continue Reading
Подобрено снабдувањето со електрична енергија во населбата Лисиче
-
новинар
-
April 4, 2024
-
Општини, Скопје
-
0 Comments
Електродистрибуција ја заврши првата фаза на проектот за замена на надземните водови со подземна мрежа на ул. „Гаврил Константиновиќ” во скопската населба Лисиче. Среднонапонската дистрибутивна мрежа е целосно реконструирана, а во втората фаза која е во тек, се продолжува со изведба на работни активности на нисконапонската мрежа. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и градоначалникот на …
Continue Reading
По етничка основа и без никаква реална потреба МОН продолжува со сегрегација на учениците во велешката гимназија, реагираат од училиштето
Министерството за образование и наука продолжува со сегрегација на учениците во велешката гимназија, единствено по етничка основа и без никаква реална потреба, реагираат од велешката гимназија „Кочо Рацин“. Оттаму велат дека спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/25 година, МОН …
Continue Reading
Општина Илинден добива нов здравствен дом
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во работните активности на капиталниот проект за изградбата на нов здравствен дом, каде жителите од Илинден, после речиси поволина век добиваат модерен објект во кој ќе биде сместен здравствениот дом. Новиот здравствен дом ќе зафаќа бруто површина од околу 600 метри квадратни, ќе биде изграден на два ката, два влеза (преден и …
Continue Reading
Ѓорѓиевски го посети новиот плоштад „Независност“ во Пинтија
Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети неодамна изградениот плоштад во Пинтија „Независност“, каде вчера вечер дечињата од оваа населба имаа забава на отворено. default Придружувани од своите родители, баби и дедовци, сите си најдоа забава за себе. Дел играа на музика на новиот сквер, дел на новото игралиште. Повозрасните ја искористија убавата вечер за маалски разговор на новите клупи. Инаку, плоштадот “Независност” …
Continue Reading
Над илјада маскирани дечиња на „Шеговил“ во Кисела Вода
Алексеј Стојменов од ООУ „Невена Георгиева Дуња“, Андреј Михајловски од ООУ „Круме Кепески“ и Нина Костов од ООУ „Рајко Жинзифов“, се имињата на наградените маски на денешната првоаприлска манифестација „Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!“ организирана од Кисела Вода. Специјална награда доби и најмладиот учесник на масекнбалот, Ника Костовска. На просторот пред салата Расадник каде е поставен забавен парк …
Continue Reading