Од Аеродром за два месеца отстранети 400 тони отпад, транспортирани се до „Дрисла“

Во текот на септември и октомври, од подрачјето на Општина Аеродром биле собрани и транспортирани 400 тони мешан отпад до депонијата „Дрисла“. Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности секојдневно се на терен, каде што собираат кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. Од Општината информираат дека на граѓаните им е достапна и услугата за …

Continue Reading

Раководителка на штедилница осомничена дека земала пари од депозити и одобрувала фиктивни кредити

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против раководителка на филијала на штедилница во градот, осомничена дека подолг период ги злоупотребувала паричните средства на граѓаните кои имале депозити во установата. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничената реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и неправилно ги евидентирала нивните депозити, со што прибавувала противправна имотна корист. Против неа се води …

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

Утре со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул. „Франклин Рузвелт“, десно по бул. „Илинден“ до крстосница со ул. „Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул. „Франклин …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда „Феникс нелегално“, а не “Јубилејна награда”

„Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се. Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква “Јубилејна награда”, а не Феникс. Дали поради тоа што знаете дека за доделување на “Феникс” потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа …

Continue Reading

Општина Центар: Јубилејните награди се признание за луѓето што оставиле белег во Центар

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулира јавноста, овој пат користејќи го јубилејот на Општина Центар за политички пресметки. Градоначалникот Горан Герасимовски додели јубилејни награди по повод 50 години Општина Центар на личности кои, секоја во својата област, дале значаен придонес за развојот и афирмацијата на општината. Со нив им оддадовме признание за нивната работа и за сè што оставиле зад себе, реагираат …

Continue Reading

(Видео) Хасан: Бетон Герасимовски ја користи наградата „Феникс“ за личен ПР и ја злоупотребува како да е лично негова

Бетон Герасимовски се расфрла со општински награди како да се лично негови, и ги користи за личен ПР и промоција. При недостаток на реални проекти, некомпетентност и мрзеливост, Герасимовски и СДС немаат со што да се пофалат, па почнаа да делат награди, реагира  Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ. „Не само што ги делат наградите од …

Continue Reading

Речиси двојно зголемен бројот на заболени од грип за една недела, најмногу случаи во Тетово

Во Македонија во периодот од 26 октомври до 1 ноември се пријавени 116 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува зголемување од 90,2 отсто во однос на претходната недела, кога биле регистрирани 61 случај, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во споредба со истиот период од минатата сезона, кога биле регистрирани 94 заболени лица, …

Continue Reading

Проширени капацитетите на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и претставници на јавните установи и Советот на Општина Илинден, ги посети новоуредените простории во детската градинка „Гоце Делчев“ и новоотворениот шалтер за социјална работа во општинската зграда. При посетата беа разгледани двете нови занимални, кои се уредени со …

Continue Reading

Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици

Општина Центар денеска додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските основни училишта, кои остваруваат забележителни резултати во областа на културата. Десет ученици добија стипендии од по 4.500 денари месечно, а 27 ученици по 4.000 денари месечно. Финансиската поддршка годинава е зголемена, со цел младите да се поттикнат во развивањето на нивниот талент и творештво. „Како што ветив во предизборната …

Continue Reading