Состојбата со пожарите е тешка, но не е алармантна, рече Ангелов и повика да не се создава непотребна паника
Состојбата е тешка, но не е алармантна. Ваква е оценката на првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за пожарите кои беснеат во државата. Ангелов апелира до граѓаните да не излегуваат во јавноста со непотребни апели за собирање на луѓе. „Имаме доволно припадници на армијата и на полицијата. Граѓаните не секаде може да бидат од корист, а …
Continue Reading
Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во новиот трговски центар во Битола
Искра од апарат за заварување употребен при монтажа на декоративна фасада, го предизвика пожарот во трговскиот мол Блис во Битола. Сопствениците на објектот, „Беком инвест“ за пожарот велат дека бил несреќен случај кој настанал при поставување на држачи на фасадата, но за релативно кратко време бил локализиран од битолските пожарникари. Причинета е само материјална штета и нема повредени. „Според првичниот …
Continue Reading
Катастрофален пожар се заканува да гo уништи градот Пехчево и други населени места – повик на сите граѓани кои се во можност да се упатат кон Пехчево во обид да се спаси градот!!
-
новинар
-
July 31, 2024
-
Вести, Македонија, Општини
-
0 Comments
На ден 30 јули 2024 година пожар со кастастрофални размери ја зафати околината на Пехчево. Во моментов загрозени се околината на градот Пехчево но и самиот град. Градоначалникот Китански информира дека во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни екипи од повеќе градови од Источниот плански регион, вклучена била и авионска поддршка, голем број на граѓани од градот Пехчево и целата …
Continue Reading
(Видео) Ангелов: Рекордни 54 пожари во земјава, жителите кои живеат во напуштени села да ги напуштат своите домови ако забележат големи пламени јазици
Рекордни 54 пожари има во земјава, а 19 пожари ќе горат и ноќва, изјави вечерва директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој дополни дека ризичен е и атарот во кумановско, како и селото Негрево и Пехчево. И во кратовско и неготинско пламените јазици навлегуваат во одредени села. Голем пожар има и на територија на Македонски Брод. Ангелов ги повика сите жители кои …
Continue Reading
(Видео) Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско
Одделот за воздухопловни единици на МВР со два хеликоптери од раните утрински часови и во текот на целиот ден дејствуваше на повеќе места каде што имаше пожар и тоа, реонот на општина Старо Нагоричане и реонот на Свети Николе. Хеликоптерот Бел 412 во 54 циклуси исфрли над 80 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 исфрли 30 тони вода. „Околу …
Continue Reading
Пожар во новиот трговски комплекс „Блис“ во Битола
Пожар избувна попладнево во новиот трговски центар „Блис“ во Битола. Трговскиот комплекс се наоѓа во непосредна близина на маркетот „Лидл“, кој е во фаза на изградба. Денеска се асфалтираше новата улица за потребите на двата трговски објекти. Засега нема информации за евентуални повредени, а не се знае ниту причината за пожарот. Објектот се подготвуваше за големото отворање на 5 август.
Continue Reading
Пожарот кај Негрево, Пехчевско повторно активен, градоначалникот повикува да ги расчистат жителите улиците од возила
Пожарот над пехчевското село село Негрево, повторно се разгоре од силниот ветар. Таму вчера попладне гореше борова шума, а денеска повторно се јавија пламените. Пожарот е многу блиску и до пехчевските куќи. Градоначалникот повикува сите кои можат да се вклучат во гасењето на огнената стихија. Тој повикува до жителите да расчистат неколку улици од возила, за полесно да можат да …
Continue Reading
Лицата кои беа заглавени во куќа во Светиниколско се безбедно евакуирани
7-те лица кои беа заглавени во куќа во с. Строиманци, Св. Николе безбедно се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и ао возила низ огнениот обрач ги извлекле животно загрозените во оган заробени 7 лица. „Голема благодарност до храбрите доброволни …
Continue Reading
Познат идентитетот на загинатото лице во пожарот во кумановско
На 29.07.2024 во 18.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14.00 часот настанал пожар на сува трева во с.Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и с.Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П.(75) и Т.П.(73). Од здобиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата. Лекар од Итна …
Continue Reading