Млади штркови паднале од гнездата во невреме, ги згрижија вработени во Општина Чешиново-Облешево

Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост. Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат. Од Општината информираат …

Continue Reading

Гостивар утре добива технички исправна вода, вели Мицкоски

Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода …

Continue Reading

Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола

Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја …

Continue Reading

Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, скопските пожарникари на терен

Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, каде во моментов интервенираат екипи на скопската Противпожарна бригада. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарникарите се на терен и работат на локализирање и ставање под контрола на огнената стихија. Од местото се забележува густ чад кој се издигнува над пределот на парк-шумата, а екипите се обидуваат да го спречат понатамошното ширење …

Continue Reading

Крадци ја опустошија електровлечната подстаница во Драчево, штетата достигнува пет милиони евра

Во електровлечната подстаница Драчево, која се наоѓа меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е уништен значителен дел од електроенергетската опрема неопходна за функционирањето на железничката инфраструктура, соопштуваат од Министерството за транспорт. Според информациите од Министерството за транспорт, сторителите насилно превртеле два електроенергетски трансформатори, тешки повеќе од 30 тони. Од нив било испуштено …

Continue Reading

Клековски: Околу 4.000 заболени во Гостивар, бројот на нови случаи опаѓа, но водата сè уште не е безбедна

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, по информациите во јавноста дека водата за пиење во установата не е исправна. Тој изјави дека состојбата со епидемијата во Гостивар постепено се стабилизира и дека бројот на нови пациенти значително се намалува. „Денеска се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во однос …

Continue Reading

Левица: Одлуката на УНЕСКО не е победа, туку последна опомена за Охридскиот регион

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Наместо тоа, на Владата ѝ се дадени дополнителни пет години за спроведување на забелешките на УНЕСКО за заштита на регионот. „Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена“, велат …

Continue Reading

По загадената вода во Гостивар можно е да се појават случаи на жолтица

Комисијата за заразни болести предупреди дека во наредниот период во Гостивар постои можност да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата. Засега нема потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен надзор поради периодот на инкубација на вирусите. Според претседателката на Комисијата, Жаклина Шопова, во изминатите десет дена околу …

Continue Reading

(Видео) На Пелистер снег среде лето

Снег падна среде лето на врвот на Пелистер, кој се наоѓа на 2.601 метар надморска височина, на планината Баба, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер. „Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покаже дека мора …

Continue Reading