Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска без вода ќе остане дел од Кисела Вода. • Поради изведување на приклучок од Ф-300мм на улицата Жил Верн 4 во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Жил Верн, Тодор Паница, Јордан Филиповски, Балканска …

Continue Reading

МВР трага по лицата кои го предизвикале пожарот кај Вардариште, во околината се шири неподнослив мирис, извести Ангелов

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов извести дека МВР испраќа дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата Вардариште од која, според јавувања на повеќе револтирани граѓани на 112 во ЦУК, се шири остар и неподнослив мирис. Според информациите од скопската противпожарна бригада, пожарникарите го изгаснале оганот, но некаде на средината …

Continue Reading

(Видео) Гори Вардариште

Повторно гори Вардариште. Огнот е веќе на околу 10 метри од далноводниот столб. https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/450378238_7792832610800347_6167164460691110288_n.mp4 Засега нема официјална информација дали има каква било интервенција на терен.

Continue Reading

Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар за решавање на проблемите во интерес на граѓаните

На иницијатива на раководството на СВР Скопје, денеска во општина Центар се одржа работна средба на началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски. Како што соопшти МВР, целта на средбата било заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар, како што се проблемите во сообраќајот во општината, посебно во Дебар Маало, Капиштец …

Continue Reading

Герасимовски: Нема да дозволиме Општина Центар да биде блокирана поради судски процес стар 10 години

Долгогодишниот судски процес што започна пред 10 години и поради кој општината треба да плати 72.800.000,00 денари на име оштета на Пелагонија АД Гостивар, денеска е тема на денешната седница на советот на Општина Центар. Советниците одлучија со ребаланс да се зголеми Буџетот за 72.800.000,00 денари, средства планирани за обештетување на тужителот Друштвото за градежништво, производство и инженеринг Пелагонија АД …

Continue Reading

Четири лица се затруле со храна: затворена гостилница во скопско Влае

По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на четири лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае, информираат од Агенцијата …

Continue Reading

Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури

Општина Кисела Вода заедно со Црвен Крст на Општина Кисела Вода денес го започна проектот “Топлотен бран” кој има за цел во топлите летни денови да го заштити здравјето на своите граѓани. На најфреквентните локации, парковите, автобуските постојки, мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице- доктор, волонтери на Црвен Крст, референти од урбаните и месните заедници на …

Continue Reading

Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели. Како што истакна градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување или ладење на своите домови, кои се …

Continue Reading

За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои, вели градоначалникот на Бутел

Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална Хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел, вели градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. „За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои“, посочи Костовски. „Сликите се застрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е …

Continue Reading