Роденденска забава во ЗРЦЛИП “Порака наша” – Куманово

465180272_9466755213344734_3104014454370618774_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Корисниците на услуги заедно со вработените во Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст, “Порака наша” – Куманово, со пригодни активности го прославија роденденот на институцијата, во присуство на претставници од повеќе здруженија и организации од градот. На роденденската забава присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, кои им упатија честитки на корисниците на услуги во центарот, посакувајќи им добро здравје. На отворениот ден, посетителите имаа можност да се дружат со корисниците, да разговараат за нивните активности и предизвици со кои се соочуваат и да ги разгледаат нивните персонализирани производи – ракотворби кои беа на продажба. Главна цел на отворениот ден е подигање на јавната свест на повисоко ниво, да се изнајдат нови можности за задоволување на потребите и интересите на лицата со умерена интелектуална попреченост и нивните семејства. На настанот беа промовирани новата социјална услуга, односно мерка “Зборувај тивко – делувај гласно”, која започна од јули 2024 година и ќе трае до март 2025 година и воведените активности за мотивација на женските корисници во Центарот, да развиваат и градат вештини за полесно наоѓање работа и интеграција во општеството.






The post Роденденска забава во ЗРЦЛИП “Порака наша” – Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK