Кисела Вода е најтранспарентната скопска општина, објави Центарот за граѓански комуникации

Кисела Вода е најтранспарентната скопска општина, објави Центарот за граѓански комуникации во своето редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност. Активната транспарентност на Општина Кисела Вода во 2024 година изнесува 98.6 проценти и по третпат се наоѓа во групата на иституции со многу добра активна транспарентност, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа. -Во 2022 беше …

Continue Reading

Градежни активности ќе затворат улица во Кисела Вода

На улицата „Христо Татарчев“ во Општина Кисела Вода денеска ќе има изменет режим на сообраќај. Како што информира компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје, изменетиот режим на сообраќај е поради почеток на градежни активности.

Continue Reading

(Видео) Во последен миг спасено селото Дупјани, огнот се приближил до куќите

Селото Дупјани е спасено, откако огнот се приближил на само 50 до 100 метри од првите куќи, а во селото и околу него немало никого. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, извести дека одлучиле наместо кон Галичица полицискиот хеликоптер Ми 171 во кој се наоѓал и тој, да го промени приоритетот поради загрозеност на населено место, и да слета неколку километри подалеку, …

Continue Reading

ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во денешната објава на Општина Аеродром

ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во денешната објава на Општина Аеродром со наслов ,,ЈП Паркови и зеленило иако се платени од жителите целосно го занемарија јавното зеленило. Ве информираме дека ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите , булеварите собирните и магистралните улици кои се под надлежност на Град Скопје. Останатото зеленило …

Continue Reading

Забележано лице додека намерно подметнува пожар кај расадникот во Кисела Вода

Синоќа во 03.36 часот во СВР Скопје, од страна на граѓанин било пријавено дека било забележано едно лице како намерно запалило сува трева во расадникот на булеварот Борис Трајковски во Скопје, соопшти МВР. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид извршила полициска екипа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Герасимовски: Општина Центар со цистерна и вработени во ПОЦ помагаа во гасењето на пожарот во Јасен

Вработени од комуналното претпријатие ЈП ПОЦ со цистерната на Општина Центар помага во гаснење на пожарот на Јасен. На шумскиот резерват гори борова шума повеќе од 20-на дена при што изгоре значителна површина шума. Солидарноста и поддршката за институциите во моментов е од огромно значење. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски апелира за крајно внимателно однесување и почитување на правилата …

Continue Reading

Градоначалникот на Ѓорче Петров изврши увид во градежни активности на основното училиште „Мирче Ацев”

Во пресрет на новата учебна година, општината Ѓорче Петров информираше дека се преземаат активности во насока на подобрување на условите во општинските основни училишта. „Денес извршивме увид во градежни активности на ООУ „Мирче Ацев”. Се работи на реконструкција на ѕидовите низ целото училиште во вкупна површина од 8000м² и реконструкција на 10 тоалети. Дополнително обезбедени се услови за непречено одвивање …

Continue Reading

Подигнати 170 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир

Вчера ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 170 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир. Активностите се реализираа на улицата Славеј планина – во непосредна близина на скопското Теќе, на улицата Џон Кенеди, како и на булеварот Втора македонска бригада. „Интервенирано е и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) – на игралиштето спроти Амбасадата на САД, …

Continue Reading

Општина Аеродром: ЈП „Паркови и зеленило“ иако се платени од жителите, целосно го занемарија јавното зеленило

Општина Аеродром ја информира јавноста дека одржувањето на јавните зелени површини во голема мера е под надлежност на Град Скопје, односно на ЈП „Паркови и зеленило“, но со жалење мораат да констатираат дека „оттаму не ги извршуваат квалитетно своите обврски на ниво на нашата територија“. „Во изминатиот период сме сведоци на лоши слики од исушени и пожолтени тревници за кои …

Continue Reading