“Кумановски ликовни уметници 2024”- изложба на уметнички дела

Традиционалната групна годишна изложба на уметнички дела “Кумановски ликовни уметници 2024”, во чест на празникот 11 Ноември, беше отворена вечерва, во салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и  Министерството за култура и туризам на РСМ. На 68 издание на ликовната манифестација, учествуваа 24 академски ликовни уметници од градот, …

Continue Reading

Ден на гравот – “Граше брате наше”

Традиционалната гастрономска манифестација “Граше брате наше”, се одржа денеска во ресторан Грација, во Куманово.Празничното дружење беше збогатено со фолклорна игра и песна, на задоволство на присутните, кои имаа можност да дегустираат традиционални домашни специјалитети. Настанот го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на  претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници од општинската администрација, како и …

Continue Reading

“11 Ноември” – Меѓународен рапид турнир во шах

Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот, се одржа интернационален рапид шаховски турнир во СОУ “Перо Наков” – Куманово, во организација на ГШК Куманово, со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови Куманово – ОССК. Учествуваа шахисти од 4 држави, Македонија, Србија, Бугарија и Косово и од повеќе градови од земјава: Скопје, Штип, Велес, Гостивар, Неготино, Струмица, Гевгелија …

Continue Reading

Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес, за следната година најавуваме нови проекти за градот

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Велес. Министерот заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот Марко Колев и пратениците, извршија увид во …

Continue Reading

Празничен турнир во пикадо и шах

Во организација на Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, со поддршка на Општински сојуз на спортови Куманово – ОССК, денеска во ресторан Грација, се оддржа спортски натпревар во пикадо и шах, по повод Ден на градот – 11 Ноември. На празничниот настан учествуваа спортисти од Куманово, Скопје, Штип, Кочани и Битола. Настанот го отвори претседателката на Советот на …

Continue Reading

Димитриевски оствари пријателска средба со делегација од Бугарија

Гостувањето на Драмски театар од Ловеч, Република Бугарија, со романтичната комедија “Здивот на ѓаволот” во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, беше повод за пријателска средба во Општина Куманово. На приемот кај Градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, присуствуваа претседателот на Сојузот на артистите во Бугарија, Христо Мутафчиев – специјален гост и актер во претставата, актерката Богомила Николова, и директорот на НУЦК …

Continue Reading

Изнаоѓање на механизми за спречување на девијантни појави во Општина Куманово – панел дискусија

На иницијатива на Отсек за превенција при СВР – Куманово и Општински совет за превенција на детско престапништво, денеска беше организирана тркалезна маса во ресторан Грација, Куманово. Тема на дискусија беа справување со девијантни појави и проблемот со питачењето кај малолетната популација, односно изнаоѓање на механизми и решенија со кои би се спречиле овие појави. Настанот го отвори претседателката на …

Continue Reading

Герасимовски: Лига Центар започна, доделени стипендии за нашите млади спортски надежи

Општина Центар ја отвори Лига Центар 2024/2025 – училишни спортски игри што ќе го поттикнат спортскиот дух кај учениците од сите осум основни училишта на општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, на свеченото отворање кое се одржа во спортската сала на ООУ „11 Октомври,“ на сите учесници им посака среќа и одлични резултати во спортските дисциплини: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка и шах. …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара

Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара, кој жителите го чекаат половина век. Средствата се обезбедуваат од страна на Владата на Република Македонија, која по мерката од 250 милиони евра, сега прави нова голема инвестиција во општините, наменета за управување со води. Заложбите утврдени со Меморандумот потпишан со ЗЕЛС …

Continue Reading