МАРТИН ГОЏО Е ФАЌАЧОТ НА ЧЕСНИОТ КРСТ ЗА ГОЛЕМИТ ПРАЗНИК „БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ“
Во духот на традицијата и верата, Охрид го одбележа големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици. По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го фати Светиот крст. – Оваа година како што доликува ја имавме честа архиепископот г.г. Стефан да ја освети водата и да го положи …
Continue Reading
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание. Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема. Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан. Исто така, изгореле две патнички …
Continue Reading
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода
Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од …
Continue Reading
Водици 2025: Елшани ја слави традицијата со гордост и заедништво
Елшани, малото живописно село во близина на Охрид, и ова утро го дочека големиот православен празник Богојавление – Водици во духот на вековната традиција. Жителите, како и секоја година, рано излегоа на утринската богослужба во црквата „Свети Пророк Илија“, каде се осветија водите како симбол на чистота и нов почеток. Кулминацијата на празникот беше фрлањето на чесниот крст во изворските …
Continue Reading
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици. Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени …
Continue Reading
Светиот крст на Водици за прв пат ќе се фрла во водите на езерото Јасика во Долно Лисиче
Оваа година за првпат во Долно Лисиче започнува една убава традиција, односно фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. По тој повод организаторите на настанот ги покануваат верниците во Бога да присуствуваат на овој настан со надеж дека ќе прерасне во традиција. „Почитувани верници во Бога, на 19.01.2024 на Богојавление – Водици, за прв пат во Долно Лисиче …
Continue Reading
Започна реализација на проектот за субвенционирање на трошоци за домување на Општина Куманово за 2025 година
Општина Куманово започна со реализација на проектот субвенционирање на трошоци за домување на материјално и станбено необезбедени лица – корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2025 година. Обезбедувањето на помош за домување ќе се реализира преку две мерки: – Субвенционирање на трошоци за комунални услуги (вода за пиење и депонирање на смет) и – Субвенционирање на трошоци за кирија. …
Continue Reading
МЖСПП: Со средствата од ЕИБ во Струга ќе се замени азбестно-цементната водоводна мрежа
Во рамки на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“, обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Северна Македонија, а кои ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините склучен е договор за „Замена на азбестцементната водоводна мрежа во град Струга“. Договорот е склучен помеѓу Министерството за …
Continue Reading
Одбележување на Водици на две реки во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров и оваа година ја продолжува традицијата на празникот Богојавление – Водици. Kако поддржувач на овој значаен христијански празник, ги повикува граѓаните масовно да присуствуваат на свеченото одбележување. „Празникот е повеќе од обичај – тоа е ден кога заеднички ги славиме верата и духовните вредности кои ги носиме како заедница. Како општина, ние продолжуваме со поддршката на традициите …
Continue Reading