(Видео) Јорданов: Нова спортска сала „Џексон”, катна гаража и богата културна понуда, Штип продолжува со забрзан развој
Штип во 2026 година продолжува со инвестиции во инфраструктурата, спортот, културата и поддршката за децата и младите, соопшти денеска градоначалникот Иван Јорданов, презентирајќи ги реализираните и тековните проекти во општината. – 2026 година е година на продолжена работа, конкретни резултати и видливи промени за Штип. Година во која продолживме да инвестираме во подобра инфраструктура, подобри услови за живот и поголема …
Continue Reading
(Фото) Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
Повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема, се оштетени на детско игралиште во Карпош 1, информира Општина Карпош. Од Општината велат дека повторно се соочуваат со вандализирање на јавната и урбаната опрема. Општина Карпош секоја година издвојува средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестира и во поставување и реконструкција на детски игралишта …
Continue Reading
(Видео) Нацева: Неготино оди напред, се инвестира во модернизација на училишта и подобра инфраструктура
Во Општина Неготино во изминатата година се реализирани и започнати повеќе инфраструктурни проекти, а преку два јавни повика од Владата се обезбедени вкупно 240 милиони денари за 15 проекти, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева, презентирајќи отчет за едногодишното работење. – Кога зборуваме за развој на една општина, инфраструктурата е основата. Затоа во изминатата година ова беше еден од нашите најголеми …
Continue Reading
Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје
Во Големата сала на Општина Кисела Вода, вчера се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални …
Continue Reading
Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење. „Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона …
Continue Reading
Промена во програмата на „Гола месечина“ поради најавите за дожд
Поради најавите за дожд, програмата на фестивалот „Гола месечина“ предвидена за вечерва се одложува и ќе се реализира во понеделник. Фестивалот продолжува според планираното во сабота и недела, додека програмата предвидена за вечерва ќе биде реализирана во понеделник. „Ве очекуваме во паркот „Авионче“ на фестивалски денови исполнети со музика, забава и добра атмосфера“, велат од општина Аеродром.
Continue Reading
„Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври, најава Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите во работењето. Во СВР Охрид, посебен акцент беше ставен на завршните подготовки на командниот центар, неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Секторот. На …
Continue Reading
ДОМ: Струмичката Котлина не смее да се претвори во рударска зона
Населението што живее во Струмичката Котлина мора да има суштински глас во одлуките за иднината на својот простор. Не може развојот на еден од најзначајните земјоделски региони во државата да се планира без сериозно да се земат предвид интересите на локалното население, земјоделството, водите и животната средина, смета партијата ДОМ. „Во Нацрт-просторниот план до 2040 година повторно ги гледаме Иловица-Штука …
Continue Reading
Во општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „Ilinden life run“
Во недела (27.09.2026), во Општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „Ilinden life run“, спортски настан посветен на промоција на спортот, рекреацијата и здравите животни навики. Стартот и финишот на трките ќе бидат пред Домот на културата „Илинден“, а учесниците ќе трчаат по обезбедена и означена патека низ населените места Илинден, Марино и Кадино. Програмата започнува во 08:00 …
Continue Reading